Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Скопје го развиваме заедно“: Ѓорѓиевски и Николоски разговараа за проекти кои ќе донесат бенефит за сите жители на Скопје

    „Скопје го развиваме заедно“: Ѓорѓиевски и Николоски разговараа за проекти кои ќе донесат бенефит за сите жители на Скопје

    10.11.2025 во 12:322 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Скопје го развиваме заедно!, напиша на Фејсбук градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски.

    Денес, во просториите на Град Скопје, Ѓорѓиевски оствари конструктивна средба со заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

    Разговаравме за заедничките проекти кои ќе ги реализираме и што ќе донесат вистински бенефит за сите жители на нашиот град, истакна Ѓорѓиевски.

    Ѓорѓиевски посочи дека главни теми на состанокот беа подобрувањето на транспортниот систем преку реализација на проектот Градски воз, набавката на нови, еколошки автобуси за градскиот превоз, како и модернизацијата на инфраструктурата во Скопје.

    Министерот Николоски ја потенцираше силната заложба на Владата за реализација на капитални инвестиции во главниот град како темел на неговиот иден развој.

    „Заеднички заклучивме дека Скопје има потреба од нов план за трансформација на градскиот сообраќаен систем, кој ќе донесе поголема ефикасност, економичност и подобар квалитет на живот за граѓаните.

    По започнувањето на изградбата на првата од трите линии на Градскиот воз, следен приоритет ќе биде подготовката на другите две линии кон Ѓорче Петров и кон Миладиновци“, потенцираше Ѓорѓиевски.

    Ѓорѓиевски нагласи дека Градот Скопје е веќе во комуникација со Владата на Република Македонија за набавка нови еколошки автобуси кои значително ќе го подигнат јавниот превоз на едно високо ниво.

    Ѓорѓиевски изрази благодарност до Премиерот Христијан Мицкоски, министерот Александар Николоски и целата Влада за нивната постојана поддршка и визија.

    „Скопје ќе го развиваме заедно, со работа, со посветеност и со јасна цел – да изградиме модерен и функционален град во кој сите ќе живееме подобро“, истакна Ѓорѓиевски.

    Прочитај повеќе

    Бобан Стефковски: Го направивме најголемиот роденден во историјата на Македонија

    19.09.2026 во 14:20

    Давчевски до ВМРО-ДПМНЕ: Го блокиравте БРТ за сега Орце да го фали проектот – лицемерни сте

    19.09.2026 во 12:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.