Author: Author 04

Изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека лично побарал да се запрат исплатите од ИПАРД програмата, е најдобар доказ за целосно непознавање на системот на дистрибуција и управување со европските фондови, оцени претседателот на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ и поранашен министер, Трајан Димковски, во изјавата за Локално.мк. -Да укажеме дека Македонија е една од неколкуте земји кои користат вакви европски кохезиони фондови за развој и тие си имаат свои процедури за трошење на своите пари и, токму ова значи дека при ваков скандал веднаш по автоматизам се носи времена прекин за користење на парите. После временото стопирање…

Повеќе

Старец од Станари е уапсен под сомнение дека ја убил својата сопруга со секира. Осомничениот се предал на полицијата и го пријавил убиството. Ненад Ѓермановиќ (82) од Станари е уапсен под сомнение дека ја убил својата сопруга Винка Ѓермановиќ (76), која ја удрил неколку пати со секира во главата. Ужасниот злостор се случил синоќа околу 20:30 часот во дворот на нивната семејна куќа во општина Станари. Како што дознава ATV, Никола по злосторството се јавил во полиција и пријавил дека ја убил сопругата. Тој мирно чекал да пристигнат полицајците кои го уапсиле и го однеле на понатамошна кривична обработка. Точните…

Повеќе

Она што требаше да биде кратко патување од соништата за 18-годишната Ана Кепнер од Флорида заврши трагично. Под околности кои сè уште се нејасни, девојката почина на крузерот „Карнивал Хорајзон“. ФБИ го истражува случајотКога бродот пристигна во Мајами (САД) како што беше планирано во саботата, истражителите на ФБИ беа првите што се качија на бродот. Тие сега ја истражуваат нејзината смрт. „Можам да потврдам дека агенти на ФБИ беа на местото на настанот“, изјави портпарол на федералната полиција за „Фокс њуз“. Службениците на крузерот, исто така, одбија да објават дополнителни детали за несреќата. Според членовите на семејството, Ана била матурантка…

Повеќе

На почетокот на зимата, европските метеоролошки центри излегуваат со контрастни долгорочни прогнози. Додека популарниот италијански портал iLMeteo алудира на можност за интензивен студ и први снежни бранови кон крајот на ноември и почетокот на декември, Европскиот центар за среднорочни временски прогнози (ECMWF) предвидува дека температурните отстапувања ќе бидат над просекот. Според италијанските метеоролози, клучот лежи во однесувањето на Поларниот вртлог – широка циркулација на ладна депресија која се формира околу Северниот Пол, протегајќи се до стратосферата. Италијанскиот портал пишува дека доколку поларниот вртлог ослабне или се подели на повеќе делови, тоа буквално би го ослободило „заробениот“ студ и би го…

Повеќе

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изрази сочувство до жртвите од падот на воениот транспортен авион Ц-130 на границата меѓу Грузија и Азербејџан во вторник, нарекувајќи ги „маченици“. „Со Божја волја, ќе ја надминеме оваа несреќа со минимално страдање. Во молитвите сме со нашите маченици“, рече Ердоган, објави Ројтерс. Сè уште не е познато колку жртви имало или што ја предизвикало несреќата. Локалните медиуми објавија дека во авионот имало и турски и грузиски државјани. Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја изрази жалење за несреќата и рече дека спасувачките операции се уште се во тек. „Разговарав телефонски со министерот за внатрешни…

Повеќе

Турски воен транспортен авион, Lockheed C-130E Hercules, денеска трагично се урна во Грузија, во близина на границата со Азербејџан. Министерството за национална одбрана на Турција ја потврди несреќата и соопшти дека во авионот имало 20 воени лица, вклучувајќи членови на екипажот. Авионот, со регистрација 68-01609, полетал од Азербејџан и бил на пат кон Турција кога се урнал во грузиската општина Сигнаги, во близина на азербејџанската граница. Видеата објавени од медиумите покажуваат како авионот се спушта надолу и остава густа трага од бел чад. Сведоци изјавиле дека авионот можеби се распаднал во воздух. Започната е голема операција за пребарување и спасување…

Повеќе

Вчера во 15:00 часот во ОВР Дебар, 41-годишен маж од дебарско пријави дека лице од тетовско извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Вчера во 17:20 часот во ОВР Струга, од  Итната медицинска помош Струга е пријавено дека во куќа на ул.„15-ти Корпус“ во Струга, сопственост на Р.М.(55) од Струга, пронајдена е почината Б.В.(56) од Струга. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Струга.

Повеќе

Утре претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, соопшти УХМР. Во Скопје, претпладне во делови од котлината со услови за појава на магла. Преку денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер.Следува период на стабилно и суво време со постудени утра. Во текот на денот ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла.

Повеќе

Вчера во 08:40 часот во ОВР – Неготино, 56-годишен маж од село во општина Демир Капија, пријавил дека бил измамен за сума од 14.700 денари. Според пријавеното, тој и неговиот син започнале комуникација со лице кое на социјална мрежа објавило оглас за работа во странство. Потоа, во три наврати извршил уплати на фирма од Скопје, но, откако не ги добил визите, сфатил дека бил измамен, појаснија од СВР – Велес. Оттаму додадоа дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Повеќе