Author: Author 04

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,26% во однос на одлуката од 24.11.2025 година.Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит.Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2,00 ден/лит.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.Од 28.11.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,00…

Повеќе

Пратеникот на СДСМ, Миле Талески, остро реагираше на денешното однесување на министерот за правда кој призна дека власта нема поднесено ново барање за екстрадиција на Никола Груевски и побара писмен одговор зошто. „Добивме од мизерен човек мизерен одговор. Очигледно марионетството на ЗНАМ и полтровството коешто се однесува во нивното партиципирање во Владата конкретно го гледаме во овој конечен пример. Со оглед на тоа дека министерот потврди дека нема Министерството за правда поднесено барање за екстрадиција на бегалецот Никола Груевски, барам овој одговор којшто го дадете тука пред македонската јавност, овој мизерен одговор од мизерниот министер да го поднеси писмено. Имам…

Повеќе

Вчера околу 17:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Славка Динкова“ во Скопје, патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 51-годишната Б.П., удрило во пешакот А.Д.(59), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, додека со телесни повреди се здобила Б.П., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и  Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопштија од полицијата.  Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Повеќе

На денешната седница на Собранието посветено на пратенички прашања, Претседателот на Владата одговараше на прашање посветено на темата за платите на вработените во правосудството, како дел од реформите во оваа област. Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски се осврна на предлозите за измени на законот според кои треба средствата за правосудството да се покачат на 0,8% од БДП за судовите и 0,5% за обвинителите или тоа е отприлика 1,5% од БДП. „Следната година ќе имаме 20,5 – 20,6 милијарди долари БДП, тоа значи дека отприлика 260-270 милиони долари ќе треба да се обезбедуваат пари за судовите и за обвинителствата, или 3-4…

Повеќе

Вчера во 11:40 часот во СВР Скопје, 50-годишна жена од скопско пријави дека од страна на В.„Н“ била измамена за сума од 200.000 денари. Имено, тој требало да изврши градежни работи во нејзиниот двор, но откако ги земал парите не и одговарал на повиците. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Вчера во 14:30 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „8 Септември“ е пријавено дека кај нив со повреда бил донесен Т.И.(50) од с.Матка, скопско. Според пријавеното, Т.И. околу 11:00 часот во с.Горно Нерези, скопско, додека извршувал работни задачи како вработен во ЕВН, бил физички нападнат од едно лице, кое употребило тврди предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денеска во Собранието ги демантираше тврдењата на пратеничката Јованка Тренчевска (СДСМ) дека Фондот за ПИОМ е пред колапс и дека нема пари за декемвриската пензија. „Немој да сеете страв дека Пензискиот фонд бил пред колапс, дека немало да има пензии на 1 декември. Сето тоа се лаги и ќе биде демантирано за само неколку дена од денеска. Ќе бидат исплатени тие пензии, и во 2026 и во 2027 и понатаму и ќе има покачувања согласно законските прописи. Граѓаните нека бидат мирни“, потенцираше Велковски. Велковски ја критикуваше СДСМ, нагласувајќи дека: Заменик-министерот, исто…

Повеќе

Министерот за здравство, Азир Алиу во рамки на работната посета на Република Турција, ја посети градската болница „Анкара Билкент“, каде беа згрижени шест лица од повредените во Кочани. Во рамки на посетата, министерот се сретна со д-р Али Емре Акгун и д-р Мерве Акин, кои го запознаа со целиот тек на лекувањето, од приемот до завршување на нивното лекување. – -Со Република Турција имаме воспоставено одлична соработка во сферата на здравството и токму тие беа меѓу првите кои ни понудија помош за хоспитализирање на повредените лица од пожарот во Кочани. Токму овде во градската болница Анкара Билкент беа…

Повеќе

На денешната собраниска седница за пратенички прашања, пратеничката од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Јованка Тренчевска, по предупредувањето за буџетската дупка од над една милијарда евра во Фондот за ПИОМ и целосната исцрпеност на буџетската ставка за трансфери, укажа дека со мерката на владата за зголемување на пензиите, 12.000 пензионери се исклучени од усогласувањата и зголемувањата на пензиите согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување. Во своето обраќање, Тренчевска побара одговор од заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, како дали ќе се почитува одлуката на Комисијата за заштита од дискриминација и кога ќе бидат доставени до Собранието измените…

Повеќе

Пратеничката од Социјалдемократаскиот сојуз на Македонија, Јованка Тренчевска, на денешните пратенички прашања, укажа дека се уште до Собранието не се доставени измените на Законот за социјална заштита и Законот за детска заштита со кои треба да се зголеми износот на надоместокот за правото на попреченост и посебниот додаток за децата со попреченост, и покрај тоа што амандманот за зголемување на надоместокот беше прифатен со ребалансот на Буџетот во јули 2025 година. Тренчевска упати прашање до заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади,Ѓоко Велковски, кога ќе се  донесат измените и дали ќе има зголемување во 2026 година на сите права од детска…

Повеќе