- Подгответе се: Утре ќе нема струја до 15:30 часот, проверете дали сте на листата за исклучувања
- (ФОТО) Пронајдена угината женка на загрозениот Балкански рис
- Трамп сака да ја заврши војната во Украина за големиот јубилеј на САД
- Прифатете го Законот за минимална плата од 600 евра, поскапувањата се побрзи од законското усогласување, вели Спасовски
- Герасимовски: Свечено отворена обновената сала во Градски парк, по пет децении Работнички доби нов дом
- Ѓорѓиевски на средба со амбасадорите на Германија, Италија и Словенија: Скопје ќе продолжи да се развива како вистинска европска метропола
- Трајчулески: Минималната плата од 600 евра е прашање на достоинствен живот
- Полицијата прави чистка: Приведени 15 возачи
Author: Author 04
Од ЕВН Македонија информираат дека поради планирани технички интервенции во електросистемот, утре (среда, 25.02.2026 година), без електрична енергија ќе останат делови од неколку скопски општини.Центар (од 07:30 до 15:30 ч.): ул. Никола Тримпаре бр. 15, делови од ул. Мирослав Крлежа (бр. 16-20) и локали на бул. Климент Охридски кај бр. 54. Центар (од 09:30 до 15:30 ч.): ул. Мирослав Крлежа на броевите 52, 54, 56, 58, 60 и 62. Чаир (од 08:00 до 14:30 ч.): Целиот комплекс Retail Point Park. Студеничани (од 09:00 до 13:00 ч.): Дел од с. Студеничани кај месноста Бурдем.
ДИЖС соопшти дека е забележана угината единка Балкански Рис (Lynx lynx), возрасна женка.Балканскиот рис е забележан денеска околу 06.00 часот на патот Охрид – Ресен, на патот кај с. Буково. Надлежните служби извршија теренски увид во соработка со Македонско еколошко друштво и Државен Инспекторат за животна средина. Угинатата рисица ќе биде однесена на обдукција во Скопје на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ, Скопје, соопшти ДИЖС.
Американскиот претседател Доналд Трамп постави нов, амбициозен рок за прекин на војната во Украина. Според информации на „Блумберг“, Трамп се обидува да постигне договор пред 4 јули 2026 година, кога САД ќе ја одбележат 250-годишнината од својата независност. Иако за време на кампањата ветуваше мир за само 24 часа, реалноста по неговото враќање во Белата куќа се покажа посложена. Тристраните разговори кои се водат веќе 400 дена сè уште не донеле конечен резултат, па сега Вашингтон врши притисок за договор во рок од наредните четири месеци. Целта на Трамп е прекинот на огнот да биде круна на големата прослава на…
„Со континуираниот раст на минималната плата, државата го штити и вреднува трудот на работниците. Предлог-законот за минимална плата, во износ од 36.960 денари, претставува продолжение на континуираниот раст на минималната плата, што започна системски во 2017 година и кој во изминатите години значително го подобри животниот стандард на работниците со најниски примања“, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната комисиска расправа . Тој посочи дека, и покрај законскиот механизам за усогласување на минималната плата со растот на просечната плата и трошоците за живот, реалноста покажува дека динамиката на поскапувањето ја надминува динамиката на законското усогласување. „Најзасегнати од ова се…
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, свечено ја отвори целосно реконструираната сала „Работнички“ во Градски парк, еден од најстарите спортски објекти во државата. Во рамки на свеченоста се одигра ревијален натпревар меѓу младинскиот состав на КК „Работнички“ и шампионите од Лига Центар од ООУ „Кочо Рацин“, проследен со настапи на хип-хоп групи и богата спортска програма. На отворањето, покрај бројните гости и советниците на Општина Центар, присуствуваа и ветераните на КК „Работнички“, Огнен Герасимовски, Драган Радосављевиќ, Рики Ѓорчевски, Стерули Андоновски, Томе Димишковски, Миро Крстевски, Тихо Матевски, и Перо Антиќ, на кои им беше доделено признанието „Феникс“, симболот на Општина Центар,…
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска одржа серија одвоени работни средби со амбасадорите на Германија, Италија и Словенија. Како што информираат од прес-службата на Градот, во фокусот на разговорите со Петра Дрекслер, Паоло Палминтери и Грегор Прескер биле развојните планови за метрополата. На средбите биле презентирани клучните проекти кои треба да го трансформираат Скопје во модерен и функционален европски центар. Посебен акцент бил ставен на секторите каде е неопходна посилна меѓународна поддршка и размена на знаења. „Била истакната важноста од продлабочување на соработката во областа на економијата, културата, управувањето со сообраќајот и одржливото управување со отпадот“, соопштуваат од Град Скопје.
Пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулесски, на денешната комисија за предлог-законот за зголемување на минималната плата нагласи дека државата има обврска да обезбеди достоинствен живот за работниците, а Владата не смее да остане пасивен набљудувач додека граѓаните тонат во сиромаштија. „Кога ќе кажете како држава, како Влада, дека ќе поддржите решение за кое ќе се договорат работодавачите и работниците, тоа значи дека велите дека не сте надлежни. Ако не сте надлежни да покренете мерки и политики со кои директно ќе го подобрите животот на граѓаните, особено на работниците кои земаат минимална плата и се најсоцијално загрозени, тогаш навистина не знам зошто…
Вчера лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода 15 возачи, од кои 10 за возење без возачка дозвола, тројца со забрана за управување возило од Б категорија, еден под дејство на алкохол, додека еден возач управувал возило без возачка дозвола и под дејство на алкохол. Двајца возачи во Скопје и по еден возач во Пробиштип, општина Старо Нагоричане, Куманово, Радовиш, Гевгелија, Гостивар, Тетово и Битола управувале возило без возачка дозвола. По еден возач во…
Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска на прес-конференција соопшти дека на шест компании им се одземени дозволите за одгледување канабис за медицински цели. Одлуката доаѓа по серија контроли каде се констатирани низа недоследности во работењето, вклучително и несоодветно складирање и сомнителни трансфери на документација. Меѓу компаниите на кои им се става „клуч на врата“ е и Алфафам, фирма која претходно беше поврзана со шверц на марихуана во Србија. Лиценци им се одземени и на: „Одлуките се засноваат на наодите од извршените контроли — несоодветно складирање на сувиот цвет, недоследни известувања до Комисијата и недоставена целосна документација за продажба“, истакна министерот…
Министерот за правда Игор Филков на прес-конференција упати пораки во врска со одлуката за замена на мерката притвор со куќен притвор во случај поврзан со истрага за проневера од над осум милиони евра. Во своето обраќање, министерот потенцираше дека Министерството за правда нема да биде нем сведок кога довербата на граѓаните во правниот систем е разнишана, ниту ќе стои на страна кога јавноста со право бара одговори. „Досега, почитувајќи го принципот на поделба на власта, не сум коментирал конкретни судски и обвинителски одлуки. Тоа е темел на правната држава. Но кога одлуките отвораат сериозни дилеми и ја доведуваат во прашање еднаквоста пред…
