Close Menu
Press24
    Најново

    Министерот за правда со поинаква честитка за 8 Март – го сподели говорот на претседателката Сиљановска-Давкова

    08.03.2026 во 18:01

    Лидерите на Франција, Кипар и Грција на итен состанок во Пафос

    08.03.2026 во 15:53

    Жена почина во возило на Брза помош додека ја пренесувале во болница

    08.03.2026 во 15:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Министерот за правда со поинаква честитка за 8 Март – го сподели говорот на претседателката Сиљановска-Давкова
    • Лидерите на Франција, Кипар и Грција на итен состанок во Пафос
    • Жена почина во возило на Брза помош додека ја пренесувале во болница
    • Претрес по наредба на суд: Оружје и куршуми пронајдени во дом во Брвеница
    • Весна Бендевска: Црвениот аларм е вклучен – потребни се итни мерки против семејното насилство
    • Панче Тошковски: Честит 8 Март – денот на жената
    • Швајцарците денеска гласаат на референдум за четири клучни прашања
    • Пешевска со порака за 8 март: Создаваме општество во кое секоја жена ќе живее без страв
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филков: Коцев, Фидоски и Станевски да објаснат зошто го пуштија Груби во куќен притвор

    Филков: Коцев, Фидоски и Станевски да објаснат зошто го пуштија Груби во куќен притвор

    24.02.2026 во 13:462 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Министерот за правда Игор Филков на прес-конференција  упати  пораки во врска со одлуката за замена на мерката притвор со куќен притвор во случај поврзан со истрага за проневера од над осум милиони евра.

    Во своето обраќање, министерот потенцираше дека Министерството за правда нема да биде нем сведок кога довербата на граѓаните во правниот систем е разнишана, ниту ќе стои на страна кога јавноста со право бара одговори.

    „Досега, почитувајќи го принципот на поделба на власта, не сум коментирал конкретни судски и обвинителски одлуки. Тоа е темел на правната држава. Но кога одлуките отвораат сериозни дилеми и ја доведуваат во прашање еднаквоста пред законот, должност ми е да побарам отчетност“, истакна Филков.

    Тој нагласи дека станува збор за лице кое 14 месеци било во бегство, за кое бил утврден ризик од бегство – ризик што се остварил – и дека јавноста има право да знае врз основа на кои конкретни факти и правни аргументи е донесена одлуката за поблага мерка.

    Министерот јавно ги повика сите инволвирани во постапката да дадат детално и транспарентно образложение за своите одлуки, потенцирајќи дека одговорноста мора да биде лоцирана со име и презиме.

    ,,Јавно ги повикувам сите актери во постапката да дадат објаснување:

    Јавниот обвинител Даниел Коцев,

    – да објасни, врз основа на кои конкретни факти и правни аргументи е дадено позитивно мислење за замена на притворот?

    Раководителот на обвинителството Анел Фидоски,                  –дали стои зад оваа одлука и дали смета дека ова е порака за еднаква примена на законот?

    Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, Марин Станевски,

     – кои околности го надминале ризикот од бегство кај лице кое веќе 14 месеци беше недостапно?” изјави министерот за правда Игор Филков.

    Тој информираше дека побарал објаснување и од надлежните институции во однос на условите во притворските установи и најави вонреден надзор во казнено-поправните установи со цел утврдување на безбедносната состојба.

    „Залудно носиме закони ако не се спроведуваат. Залудно зборуваме за реформи ако практиката ја руши довербата. Ова не е прашање на политика, туку на принцип“, порача Филков.

    Популарно

    Дневен хороскоп: Еден знак ќе доживее голема промена

    07.03.2026 во 11:53

    Базен, спортски сали и нови амфитеатри: Скопје добива модерен академски комплекс на 31.000 м²

    07.03.2026 во 14:15

    Ќе нема струја до 16 часот – Исклучувања во две скопски населби

    06.03.2026 во 08:00

    Шукова најави протестен марш: Бара оставка од министерот Тошковски

    07.03.2026 во 11:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.