- ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да ги повика Заев и останатите да ги вратат парите и да одговараат пред правосудството
- „Сакам да работам“ до премиерот: Зарем сега нема ред и дисциплина кога постоечката регулатива за игрите на среќа е една од најстрогите во регионот и пошироко?
- Израел ја чека одлуката на Трамп за нова офанзива
- Вашингтон со пет клучни услови до Иран за нуклеарната програма и замрзнатите средства
- Сообраќајна несреќа со три возила кај Штип: Тешко повредена педесетгодишна жена
- Трамп објави AI-фотографија со порака „затишје пред бура“
- Филипче објави Фронтот за вистина и правда!
- Се скарале за паркинг: Старец со пиштол пукал кон брат му во скопско
Author: Author 03
Со години, бројката од 10.000 чекори дневно има скоро митски статус. Ја гледате на својот паметен часовник, ја слушате во здравствени совети, а можеби дури и ја користите како своја лична цел. Но, интересен факт е дека оваа бројка не произлегла од научни истражувања, туку од маркетинг-кампања во Јапонија во 1960-тите години, со цел да се промовира продажбата на првите педометри. Истражувачите денес конечно го поставија прашањето што многумина го мислеа: Дали навистина мора да правите 10.000 чекори дневно за да го подобрите здравјето, или е доволно и помал број за да се постигнат значајни ефекти врз телото, умот и…
Поп-ѕвездата Ријана го роди своето трето дете, девојче, кое го има со партнерот АСАП Роки, чие вистинско име е Рахим Мајерс. Бебето го доби уметничкото име на нејзиниот татко. Роки Ајриш Мајерс е родена на 13 септември, објави пејачката на Инстаграм, споделувајќи фотографија на која ја држи ќерка си во раце. Двојката има и два сина, Раџот и РЗА. Обожавателите се радуваа на веста на социјалните мрежи, а објавата собра над седум милиони лајкови. Пред неколку недели, пејачката родена во Барбадос, чие вистинско име е Робин Фенти, прослави 20 години од објавувањето на својот прв албум.
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вечерва во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека и покрај проблемите со радарот, никако не била загрозена безбедноста. „Ние имаме многу јасни безбедносни протоколи кои што целосно се почитуваат, и авиосообраќајот во ниту еден момент не беше загрозен“, рече Николоски. Како што додаде, ниту еден лет не бил откажан. „Вториот радар е постар од овој првиот. Сега со овој радар на Леонардо ќе се замени овој 27-годишниот а после тоа ќе пристапиме кон купување нов радар, кој што ќе го замени постариот“, додаде Николоски.
Вечерва е подметнат пожар во депонијата близу Арачиново покрај стариот пат кон Куманово. Оваа депонија има ограда и влезна врата. Скопските пожарникари ја затекнале вратата на депонијата отворена, во депонијата имало фрлена поголема количина на пакуван сончоглед кој горел со силен пламен но и други горливи производи. Најверојатно намерно запалениот сончоглед предизвикал опожарување на дел од депонијата. Поради насоката на струењето на воздухот смрдеата од пожарот во оваа депонија најверојатно се чувствува во делови од Скопје. Гаснењето ќе биде сложено бидејки обемот на зафатената површина е голем што го компликува гаснењето со вода или пена. Затоа се прави проценка на…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вечерва во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети кажувал приказни од 19. век. Според Николоски, Ахмети не може да се пофали со ниту еден проект, иако е долго во политиката. „Не успеа да излезе од некои други времиња, не успеа да го следи трендот на времето и времето во меѓувреме го прегази, и тоа ќе го сфати на избори. Мислам дека не сфаќа дека ова не е 2001/2002 година туку 2025 година, дека тогаш немаше ни мобилни, ни смартфони, денес има вештачка интелигенција и дека комплет се…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вечерва во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека предлог резолуцијата на СДСМ е за „перење“ на гревовите кои ги направиле со бугарскиот диктат. „СДСМ сакајќи да се исперат од гревовите кои ги направија со потпишувањето и прифаќањето на бугарскиот диктат уште подлабоко влегува во проблеми и во други процеси кои што можат дополнително да и наштетат на Македонија“, вели Николоски. Според него, тоа е нивна политика и тие најдобро знаат зошто ова го прават, иако јасно се познати кај луѓето кои не само што не ги штити туку и ги гази македонските…
Легендарниот актер Вилијам Шатнер, најпознат по улогата на капетан Кирк во серијата „Ѕвездени патеки“, доживеа медицински итен случај на 94-годишна возраст и беше префрлен во болница со брза помош по проблеми со нивото на шеќер во крвта, според американските медиуми. Според информациите достапни за јавноста, Шатнер доживеал ненадејни здравствени тешкотии во среда попладне додека бил во својот дом во Лос Анџелес. Веднаш ги повикал службите за итни случаи, а противпожарната и спасувачката екипа пристигнала на неговата адреса. По прегледот, актерот бил префрлен во блиската болница каде што бил задржан на понатамошен медицински третман. Изворите велат дека Шатнер моментално е добро…
Доналд Трамп побара од Турција да престане да купува руска нафта, порачувајќи му на Реџеп Таип Ердоган дека тоа е најдобрата работа што може да ја направи за да помогне да се стави крај на војната во Украина. Нивната средба во Белата куќа заврши без ветувањето од Трамп дека ќе ги укине санкциите за Турција или дека ќе ѝ продаде напредни борбени авиони „Ф-35“, иако изрази оптимизам за двете работи. САД со години ја спречуваат продажбата на „Ф-35“ на Турција, што уследи откако таа во 2019 купи противвоздушни системи од Русија. Американскиот закон за одбрана усвоен во 2020 вклучуваше амандман…
Џиџи Хадид сподели серија фотографии од прославата на нејзината ќерка, а меѓу нив беа и споделени моменти каде што таа и Каи разменуваат прегратки и бакнежи. Во описот на објавата што ја сподели на Инстаграм, таа напиша: „Те славам на најдобриот ден досега, секоја година. Среќен 5-ти роденден на светлината на мојот живот. Ти си навистина сè, толку сум среќна и горда што сум твоја мајка.“ Џиџи ја доби Каи со Зејн Малик, а двојката се раздели во октомври 2021 година по речиси шест години врска. Сепак, Хадид и Малик сè уште се посветени на родителството, како што покажа еден…
Од утре стапуваат на сила нови измени во Законот за безбедност во сообраќајот кои предвидуваат казни за користење мобилен телефон и слушалки кај пешаци, велосипедисти и возачи на тротинети. Казната за премин на пешачки премин со телефон во рака или на уво изнесува 40 евра, а возење тротинет или мотор со користење електронски уред ќе се казнува со 50 евра. Пешаците се должни да се движат внимателно и да не користат уреди што го намалуваат вниманието при преминување на коловоз или велосипедска патека.
