Author: Author 03

Израелската армија (ИДФ) го нападна главниот град на Јемен, Сана, еден ден откако Хутите презедоа одговорноста за нападот со беспилотно летало врз хотел во израелското одморалиште Еилат на Црвено Море, објави телевизијата „Ал-Масира“, контролирана од јеменските бунтовници. Според очевидци ИДФ ги нападнала јужните и западните квартови на Сана. Јеменските бунтовници контролираат големи делови од земјата, вклучително и Сана, каде што Хутите ги воспоставија своите политички институции. Меѓународно признатите јеменски власти се протерани од Сана во Аден. Од октомври 2023 година, кога почна војната во Појасот Газа, Хутите лансираат ракети и дронови кон цели во Израел и нападнаа повеќе од 100…

Повеќе

Норвешката полицијата денеска соопшти дека синоќа запленила дрон со кој во близина на меѓународниот аеродром во Осло управувал еден странец. Човекот, на возраст од околу педесет години, управувал со дронот во област каде тоа не е дозволено, но без влијание врз воздушниот сообраќај, изјави Лиса Мари Локе, шефица на обвинителството на регионалниот полициски округ. Тој не е уапсен, но ќе биде сослушан од полицијата, рече таа, не наведувајќи го неговото државјанство. Дронови оваа недела го попречија воздушниот сообраќај на аеродромите во Данска, но Локе рече дека „за сега не гледа поврзаност“ на тие случаи. Во понеделникот навечер воздушниот сообраќај на…

Повеќе

Манастирот „Свети Георгиј Победоносец“, во дебарското село Рајчица, подготвен е за одбележување на втората манастирската слава, Воздвижението на чесниот и животворен Крст Господов – Крстовден и ги кани верниците на одбележување на славата. -Одбележувањето почнува утревечер, 26 септември, во предвечерието на празникот, со свечена и празнична вечерна богослужба, која почнува во 18 часот, на која молитвено ќе претстои Старецот на Обителта, Неговото Преосвештенство епископ Антаниски г. Партениј. На крајот на богослужбата, проследен од стиховите на празничниот тропар, ќе биде изнесен на вход крстот со честичка од Чесното Дрво и потоа повторно ќе биде внесен во олтарот, објави Бигорски манастир. Се…

Повеќе

Околу 100 млади лица ќе бидат вработени или ќе започнат сопствен бизнис во Штип, преку оперативниот план за вработување. Ова денеска го најави заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, при неговата посета на градот, каде во соработка со локалната самоуправа се одржа презентација на мерките за поддршка на стопанството. Тој од настанот потенцираше дека оваа година ќе биде успешна за градот, бидејќи оваа бројка ќе придонесе подобрување на локалната економија. -Од податоците што ги имаме од Агенцијата за вработување тука во Штип, бројот на апликации за самовработување е вкупно 93, мерката вработување и раст на субјекти за апликации за…

Повеќе

Министерот кажа која е денешната агенда за посета овде во Струмица, ќе посетиме неколку места коишто се значајни за струмичани, но истовремено да испратиме јасна порака дека после 19ти Октомври овде во Струмица ќе имаме нов градоначалник којшто доаѓа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, рече во своето обраќање од Струмица претседателот на владата, Христијан Мицкоски. Ќе имаме мнозинство во Советот којшто ќе го сочинуваат советниците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. Имаме прилично амбициозна агенда за денот потоа да сè се направи проект повеќе, да се реализира проект повеќе, сето она што до сега беше ветувано, а нереализирано или заборавено да…

Повеќе

Со блокада на улицата пред Собранието во Скопје, Движењето „Ниту една повеќе“ вечерва изрази револт поради убиството на Росица, како и мноигу други случаи на фемициди кои според нив имаат несоодветен третман од институциите. Учесниците во протестот посочија дека жените во оваа држава, како и во светот, не се заштитени. – Наместо да се плашиме која ќе биде следна, тука сме да кажеме – ниту една повеќе, беше кажано на настанот. На протестот повторно беа побарани измени во Кривичниот законик, како и насилството врз жените да се гони по службена должност, а беше и најавено дека вакви собири се планира…

Повеќе

Претседателот на Владата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва изјави дека по завршувањето на локалните избори во Собранието ќе предложат македонска резолуција која што ќе има за цел да ги штити македонските национални интереси. Мицкоски изнесе повеќе забелешки за предложената резолуција на СДСМ, наведувајќи дека она што му паднало во очи во преамбулата е дека содржи неточни факти и лаги, и дека на ваков начин не се штитат македонските национални интереси. – И ние како ВМРО-ДПМНЕ, како одговорна државотворна партија ќе направиме една вистинска резолуција. Еве како подлога ќе ја искористиме оваа резолуција и преку собраниските комисии после завршувањето…

Повеќе

Италијанската актерка Моника Белучи проговори за првпат по раскинувањето на врската со американскиот режисер Тим Бартон. И покрај фактот дека нивната љубов заврши, за него има само пофални зборови. Во интервју за италијанското издание на списанието „Вог“, таа истакна дека меѓу нив нема лоша крв. -Понекогаш патиштата се вкрстуваат за некое време за да одиме заедно… Тим и јас се вкрстивме за да бидеме заедно некое време, а потоа да тргнеме по различни патишта. Но, додека сум жива, Тим секогаш ќе има посебно место во моето срце, рече таа. Тие почнаа да се забавуваат во 2023 година. Потоа, во интервју…

Повеќе

Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, им нареди на стотици генерали и адмирали итно да се соберат во базата на морнаричкиот корпус во Вирџинија следната недела, но причината за состанокот е во тајност, предизвикувајќи конфузија и загриженост во воените кругови по серијата преуредувања што ги спроведе администрацијата на Трамп. Пентагон покани воени претставници од целиот свет, а дури и врвните генерали и нивните штабови не знаат зошто, објавува „Вашингтон пост“. Многу необична директива е испратена до речиси сите врвни воени команданти низ целиот свет, потврдија повеќе од десетина извори запознаени со ситуацијата. Наредбата е издадена претходно оваа недела, во…

Повеќе

Поранешниот руски претседател и висок функционер на Кремљ, Дмитриј Медведев, упати уште една закана со нуклеарно оружје откако украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека властите во Москва треба да знаат каде е нивното најблиско засолниште од бомби ако не ја прекинат војната во Украина, според светските медиуми. Зеленски во интервју за Axios изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп јасно ги поддржал украинските напади врз руски цели како што се енергетската инфраструктура и фабриките за оружје, и дека ако Киев добие повеќе американско оружје со долг дострел, Украина ќе го употреби. „Еден наркоман од Киев рече дека Кремљ треба да знае…

Повеќе