Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Движење ЗНАМ: СДСМ и Филипче да кажат вистината за фирмите и бизнис интересите во Бугарија

    Движење ЗНАМ: СДСМ и Филипче да кажат вистината за фирмите и бизнис интересите во Бугарија

    16.05.2026 во 12:023 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Политичката партија Движење ЗНАМ за Наша Македонија преку официјално соопштение упати јавен повик до раководството на СДСМ и нивниот лидер Венко Филипче, барајќи одговори за наводни деловни релации и сопственост на фирми во соседна Бугарија. Од Центарот за комуникации на ЗНАМ истакнуваат дека отсуството на демант или одговор од опозицијата само ги зголемува сомнежите во јавноста.

    „Бидејќи по вчерашната прес конференција на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, немаше никаков одговор од раководството на СДСМ, денес повторно ги прашуваме Венко Филипче и СДСМ: Зошто молчат за фирмите и деловните релации во Бугарија? Молкот на СДСМ и Венко Филипче само дополнително ги засилува сомнежите во јавноста дека зад нивните политики и ставови не стои никаква принципиелна борба за европска иднина, туку заштита на бизнис интереси и лични врски со Бугарија. Доколку нема што да кријат, тогаш нека излезат пред македонската јавност, нека го погледнат народот во очи и нека ја кажат вистината за целта, сопственичката структура и работењето на овие фирми.“

    Во соопштението, кое МИА го пренесува интегрално, партијата испорача четири конкретни прашања поврзани со фирми регистрирани во градот Петрич, лоцирајќи одговорност кај сегашното и поранешното раководство на СДСМ.

    „Прашуваме повторно:

    • Дали Венко Филипче е сопственик или поврзано лице со фирмата „ПАУЪР АЙ8“ ЕООД / POWER i8 Ltd. во Петрич, со дејност поврзана со недвижности?
    • Дали семејството Заеви е поврзано со фирмата „ГОМАСИДРА“ ЕООД / GOMASIDRA Ltd., исто така регистрирана во Петрич?
    • Колку фирми на лица блиски до поранешното и сегашното раководство на СДСМ се регистрирани на иста адреса во Петрич?
    • Какви бизниси и економски интереси имаат овие структури во соседна Бугарија? Одважи се Венко, покажи го вистинското лице!“

    На крајот од партиската реакција, Движењето ЗНАМ се осврнува на досегашното владеење на опозицијата и порачува дека членовите на СДСМ, но и целата македонска јавност, имаат право да знаат што реално стои зад нивната политичка реторика.

    „Граѓаните имаат право да ја знаат вистината, не само за фирмите, туку и за тоа што навистина стои зад нив. А најмногу вистината ја заслужуваат членовите и симпатизерите на СДСМ… Тие не смеат да бидат оставени во дилема или да бидат последни што ја дознаваат вистината за тоа кому всушност му служи бугарофилската политика што ја поддржуваат. Осум години додека беа на власт, СДСМ ја отвори вратата за најголемите национални порази и наместо црвени линии, поставуваа црвени теписи за туѓи агенди кои длабоко го разнишаа достоинството на македонскиот народ. Македонија заслужува да знае дали зад европската реторика на СДСМ се крие истата политика на отстапки, сервилност и поданост кон туѓи интереси. Движењето ЗНАМ за Наша Македонија ќе продолжи јавно и отворено да ги поставува овие прашања сè додека јавноста не добие целосни и транспарентни одговори.“

    Прочитај повеќе

    Премиерот за евроинтеграциите: Граѓаните се уморни од неправедни удари и билатерални спорови

    23.10.2026 во 13:19

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.