Author: Author 03

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви и местимично влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има во околините на Гевгелија, до 100метри во Струмица, Неготино и Сарамзалино и до 150метри Демир Капија, информира АМСМ. Сите патни правци во државата се проодни. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните…

Повеќе

Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно, а во западните делови ќе има врнежи од дожд. Попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени. Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре ќе се задржи…

Повеќе

Логиката се повлекува чекор назад, а интуицијата и имагинацијата доаѓаат во преден план. Ова е период кога зборовите носат емоција, а не само значење. Бидејќи Меркур наскоро ќе тргне ретроградно во овој знак, денес е важно да се подготвите за побавно темпо, да оставите простор за одмор и да не го преполнувате распоредот. Грижата за менталниот мир станува исто толку важна колку и продуктивноста. ОвенФокусот се префрла навнатре. Може да почувствувате потреба да се повлечете и да ги средите мислите без притисок од надвор. Денес не мора сè да биде јасно. Оставете простор за одмор и не се форсирајте со…

Повеќе

Во астрологијата, одредени знаци се издвојуваат по својата способност да ги „заземјат“ луѓето околу себе. Овие индивидуи поседуваат ретка комбинација на смиреност, лојалност и сочувствителност, што ги прави вистинско засолниште во бурни времиња. Нивната сила не е во агресивноста, туку во суптилното влијание врз туѓото емотивно здравје. Хороскопски знаци со исцелителна моќ Како што се наведува за овие знаци: „Тие се смирени, лојални и сочувствителни — луѓе кои едноставно ве прават подобра верзија од себе со самото тоа што се покрај вас.“

Повеќе

Претседателот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, го изнесе својот став во однос на најавите за намалување на платите на функционерите, посочувајќи дека принципиелно нема противење на таква мерка, но дека мора да се има предвид тежината на одговорноста што ја носат носителите на јавни функции. Во гостување во емисија на ТВ21, Димитриевски истакна дека постојат позиции на кои се носат одлуки и се потпишуваат документи што повлекуваат и кривична одговорност, поради што прашањето за платите треба да се разгледува пошироко.

Повеќе

Со воведувањето на „Безбеден град“ за контрола на сообраќајот, бројот на сообраќајни незгоди е преполовен, а од почетокот на неговата официјална примена на 1 февруари нема жртви, посочи премиерот Христијан Мицкоски. Оваа година, според Мицкоски, ќе биде година на воведување ред во сите општествени сфери вклучително и во сообраќајот. Мицкоски изрази уверување дека системот е одржлив и им се заблагодари на граѓаните што ги почитуваат правилата и возат побезбедно. Тој појасни дека бројката на прекршоци конкретно во Скопје сега е помала отколку во минатото кога имало организирани акции на МВР. -Фактите покажуваат дека со проектот се вози многу повнимателно, намален…

Повеќе

Драги Паровски, познат како Чичко Драги од Рекорд, повеќе од 30 години продава дре­бу­лии на својата тезга кај „Рекорд. По операцијата на рак на грло која ја имаше пред неколку години, чичко Драги се соочува со нов здравствен предизвик. Неговата објава на Фејсбук, ја пренесуваме интегрално во продолжение: -Драги пријатели, со голема надеж и искреност ви се обраќам за помош. Потребна ми е помош донации за операција. Се наоѓам во болница 8ми Септември, ќе ми прават две операции во понеделник. Операциите се неопходни за моето здравје и понатамошен живот, но за жал, се плашам дека трошоците ќе бидат многу високи…

Повеќе

Денеска официјално истече „Нов СТАРТ“ — последниот преостанат договор за контрола на нуклеарното вооружување меѓу САД и Русија. Претседателот Доналд Трамп, наместо продолжување на стариот договор, најави нова стратегија: создавање на „подобар и поцврст“ договор кој ќе ги одразува реалностите на модерната геополитика. Додека светот влегува во ера без официјални ограничувања на нуклеарните арсенали за првпат по повеќе децении, Трамп преку своите социјални мрежи јасно ги зацрта следните чекори на неговата администрација. Тој го критикуваше претходниот договор како „лошо испреговаран“ и побара итна акција од воените експерти. Во својата официјална изјава од Белата куќа, претседателот Трамп порача: „Америка треба да…

Повеќе

Албанскиот премиер Еди Рама престојува во официјална посета на Ватикан, каде што оствари значајна средба со папата Франциск. Оваа посета, која доаѓа во време на засилени дипломатски активности, беше фокусирана на билатералните односи меѓу Албанија и Светата Столица, како и на улогата на религиозната хармонија во земјата. Покрај аудиенцијата кај папата, Рама се сретна и со државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин. За време на разговорите беше истакнато дека Албанија претставува пример за меѓурелигиски соживот, вредност која Ватикан постојано ја посочува како модел за остатокот од светот. Во својата официјална реакција по средбата, премиерот Рама истакна: „Беше огромна чест…

Повеќе

Британскиот крал Чарлс Трети исвиркан за време на неговата посета на катедралата во Личфилд, Стафордшир. Иако кралот беше таму за да се сретне со граѓаните и воените ветерани, настанот беше засенет од протест насочен против неговиот брат, принцот Ендру, и неговата поврзаност со покојниот сексуален престапник Џефри Епстајн. Додека Чарлс се поздравуваше со насобраниот народ, еден маж од толпата, за кој се верува дека е член на антимонархистичката група „Република“, почна гласно да извикува прашања кои предизвикаа видлива непријатност: „Колку долго знаете за врската меѓу Ендру и Епстајн?“ – викаше мажот, додавајќи: „Дали побаравте од полицијата да го прикрие случајот…

Повеќе