Author: Author 03

Вкупно 23 пожари на отворен простор се регострирани во земјава до 18:00 часот, од кои три се активни, три се под контрола, а 17 се изгснати, соопшти ЦУК. Активни пожари има кај скопското село Винче, на планината Кожуф и на патот Богданци – Гевгелија. Под контрола се пожарите во Трубарево, во Дрисла и на делчевската депонија Острец.

Повеќе

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски на платформата Икс објави дека го потпишал Договорот за стогодишно партнерство во Велика Британија. – Нашиот сојуз ја удвојува нашата сила. Затоа е чест и привилегија да го потпишеме законот за ратификација на Стогодишниот договор за партнерство меѓу Велика Британија и Украина. Вчера, Врховната рада со големо мнозинство го поддржа овој историски договор, а денеска го враќам во Парламентот со мојот потпис, наведе Зеленски. Тој изрази благодарност до кралот Чарлс Трети за неговата непоколеблива поддршка. – Кога тиранијата повторно ќе ја загрози Европа, сите мора да останеме цврсти, а Велика Британија продолжува да игра водечка…

Повеќе

Украина изврши напади со беспилотни летала врз рафинерии во два руски региони во близина на реката Волга, продолжувајќи ја својата кампања против енергетската инфраструктура клучна за руската економија. Гувернерот на Волгоградската област, Андреј Бочаров, изјави дека градот Волгоград, кој има еден милион жители, бил нападнат синоќа, а остатоците од беспилотните летала предизвикале мала штета на неколку станбени згради. Рафинеријата во Волгоград се смета за една од најголемите рафинерии за нафта во Русија и е оштетена во претходните напади. Претходно, раководителот на соседната република Башкортостан, Радиј Хабиров на Телеграм објави дека две украински беспилотни летала го нападнале рафинерискиот и петрохемиски комплекс…

Повеќе

Амбасадорот Зоран Јолевски, денеска (18.09.2025 год) од страна на Списанието Дипломатија и трговија и Конгресот на Американско Српско пријателство доби награда за унапредување на соработката меѓу Соединетите Американски Држави и земјите од Западен Балкан.  На настанот, кој се одржуваше во Собранието на Србија присуствуваа министерот за надворешни работи на Србија Марко Ѓуриќ, министерот за европски интеграции Немања Старовиќ, претставници на американската амбасада во Белград, како и командантот на Националната гарда на Охајо, генерал Вудров, како и други видни личности од бизнис заедницата регионот и Србија.

Повеќе

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат на обвинувањата од СДСМ, нарекувајќи ги лицемерни и потсетуваат дека токму СДСМ ја партизирала администрацијата до крајности за време на своето владеење. „СДС се тие кои членската книшка ја изедначуваа со лична карта, а граѓаните за вработување ги повикуваа прво да се јават кај претседателите на општинските организации“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Според нив, СДСМ тешко се помирува со тоа што институциите почнаа да се консолидираат и функционираат по ред и поредок, за разлика од, како што велат, хаосот кој тие го оставиле по седум години владеење. „СДС не се навикнати да има систем во државата, не се…

Повеќе

Деветмина кандидати за градоначалник на Општина Струга и 10 листи за советници ќе учествуваат на локалните избори што ќе се одржат на 19 октомври, потврди Општинската изборна комисија. Во трката за градоначалник на Струга се Јована Мојсоска од Левица, Арсим Далипи од Националната алијанса за интеграција предводена од ДУИ, Љубе Петревски од Работничката партија, Роберт Милески од Демократи Скопје и Бесник Асани, Насто Палиоски, Менди Ќира, Игор Малески, Мирко Савески како независни кандидати. Седум од советничките листи се на политички партии и коалиции, а три се независни.

Повеќе

СДСМ жестоко реагира на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски поврзани со департизацијата на јавната администрација, нарекувајќи ги „цинични“ и „лицемерни“. Според СДСМ, токму ВМРО-ДПМНЕ и неговото раководство се одговорни за досега невидена партизација на државните институции. „Мицкоски ли најде да зборува за департизација на администрацијата? Па токму тој и ВМРО-ДПМНЕ се синоним за партизација на институциите“, наведуваат од СДСМ во соопштението. Од партијата обвинуваат дека само во првите 15 месеци од мандатот, Владата на ВМРО-ДПМНЕ спровела системско уништување на институциите преку, како што велат, „брутална партизација“. Тие тврдат дека стручноста и компетентноста не се критериум при вработување, туку клучна е…

Повеќе

Кандидатката за градоначалника на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска оствари средба со претставници на Партијата на Власите. -Разговорот течеше во пријатна и конструктивна атмосфера, каде што разменивме мислења за повеќе актуелни политички прашања. Особено ми е драго што разговаравме за начините како да ги зајакнеме нашите меѓусебни врски, соработка и разбирање. Ваквите средби се важни за градење на доверба на партнерството во интерес на сите граѓани. Убедена сум дека ова е само почеток на една поинтензивна соработка, објави на својот фејсбук профил.

Повеќе

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска изјави дека од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас во 2023 година, антисемитизмот станал погласен, поотворен, побезобразен и понасилен во Германија, јавува ДПА. -Критицизмот кон израелската Влада мора да е можен, а и јас самиот неодамна изразив таква критика, рече Мерц на 75-годишнината од формирањето на Централниот совет на Евреите во Берлин, „но, додаде тој, нашата земја си ја повредува сопствената душа кога оваа критика станува изговор за омраза кон Евреите – или кога дури води до барања Сојузната Република да се одврати од Израел“. „Посветеноста на Германија кон постоењето и безбедноста на Државата…

Повеќе

Иако самотниот живот може да отвори простор за лична работа, слобода и јасност на целите, честопати носи емоционални предизвици кои постепено се вовлекуваат во секојдневниот живот. Поминувањето подолг временски период без романтичен партнер остава подлабок белег на психата отколку што изгледа на прв поглед. По долг период без партнер, многумина развиваат страв од отфрлање, што го отежнува емоционалното отворање и влегувањето во нови врски. Ранливоста станува нешто што треба да се скрие, а не да се сподели. Во исто време, тишината на секојдневниот живот и недостатокот на интимна врска можат да поттикнат чувство на осаменост и емоционална изолација, што го…

Повеќе