Author: Author 03

Партиијата Левица денеска остро реагираше на, како што тврди, „неовластен и незаконски упад“ во лични банкарски сметки на нејзини пратеници, за кој директно ја обвинува владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Во соопштението Левица вели дека се направен преседан со обелоденување на информации добиени без налог и без постоење на било какви индиции за сторено кривично дело. „Наместо да го истражуваат криминалот на Заев и Мијалков, ДПМНЕ го користи државниот апарат за политичка репресија врз свои противници. Овие информации може да се добијат само преку посебни истражни мерки, а во случајов тие се прибавени незаконски“, изјави Круме Богевски, портпарол на кампањата на Левица за…

Повеќе

Македонскиот легендарен фудбалер Бошко Ѓуровски (63) кој е трофеен играч и тренер на Црвена звезда, сега претседател на ветераните на клубот, падна во несвест додека држеше говор на комеморацијата за Дејан Миловановиќ во просториите на клубот. Миловановиќ, поранешен капитен на Звезда и член на српската репрезентација, почина пред четири дена на 42-годишна возраст како последица на срцев удар на фудбалскиот терен, откако му се слоши за време на натпреварот помеѓу ветераните на Звездара и ПКБ, на кој постигна гол. Ѓуровски се збогува со Миловановиќ со говор: – Тој беше и останува симбол на Црвена Ѕвезда, тој беше идол на неговите…

Повеќе

Скопје денес е загубен во дневната политика, а жртва се граѓаните. Лоцирање одговорност мора да има за упропастениот град и оставениот хаос. Многу работа, посветеност и вистински луѓе на вистински места, тоа му е неопходно на Скопје, а Орце е вистинскиот избор, рече денеска премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. На партискиот промотивен настан за скопски градоначалник, најави нов пристап и многу повеќе теренска работа, како и силни, компактни тимови кои ќе соработуваат на централно и локално ниво. -Тука сме за да работиме, а не да глумиме политика. Одговорноста пред граѓаните не е опција, туку обврска, порача Мицкоски. Пред…

Повеќе

„Генералка” на Скопје во првите 72 часа од мандатот, најави денеска кандидатот за градоначалник на Град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Орце Ѓорѓиевски. Ѓорѓиевски на промотивниот настан што се одржува во Музејот на современа уметност вети интегриран јавен превоз, еколошки автобуси, целосно реновирање на Универзална сала и киното Милениум, воведување програма Град без депонии и еко бригади. Најави и пошумување на градот, како и 50 мали маалски паркови. Како што истакна Ѓорѓиевски, најдоброто за Скопје допрва доаѓа. -Пред нас е нова страница – на создавање вредности. Скопје мора да биде град во кој сите ќе живеат убаво. Ова не е…

Повеќе

Потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска, во интервју за Рацин.мк изјави дека денес сведочиме на суровата реалност на системски и систематски организирани деструктивни однесувања на актуелната власт, длабоко вкоренети во нејзината конзервативна и авторитарна идеологија. -Искуствата со авторитарноста на ВМРО-ДПМНЕ се поврзани со суштинско растурање и уништување на институциите. И денес гледаме дека власта ги негува старите навики на деструктивни поведенија. Проблемот со незаконското институирање на директорот на АНБ и последователните злоупотреби за фабрикација на афери, како и свесното оставање на граѓаните без заштита во случаите со Кочани, Дрисла, Вардариште, Трубарево, уништувањето на природата и убиствата на жени, се само дел…

Повеќе

​Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје денеска го прифати предлогот на јавниот обвинител и за 12 лица одреди мерка притвор во траење од 30 дена, а за три повозрасни лица од кои две жени определен е куќен притвор. Тие се осомничени за сторени кривични дела „злосторничко здружување“ и „пустошење на шуми“, додека шестмина од нив и за „злоупотреба на службена положба и овластување“, додека на првоосомничениот му се ставени на товар и кривични дела „давање поткуп“, а на еден осомничен и кривично дело „примање поткуп“. Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР, вчера јавниот обвинител од Специјализираното…

Повеќе

Обезбеден е хормон за раст за сите 174 пациенти на Универзитетската детска клиника и веќе нема листа на чекање, но во земјава има само тројца специјалисти педијатри ендокринолози поради што е неопходно да се направи посебна супцпецијализација по педијатриска ендокринологија. Ова беше речено на денешниот настан по повод Светскиот ден за подигнување на свесноста за растот кај децата што го организира Здружението „РАСТ“ под мотото „Зборувај гласно“. Буџетот за терапијата е 75 милиони денари и е строго наменски за Детската клиника. Цените на чинење на терапиите зависат од состојбата на пациентот и се различни за сите. -Изминатите години зборувавме за…

Повеќе

Лишен од слобода скопјанец кој возел под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна несреќа на патот Кавадарци – Росоман. Како што информираат од МВР, вчера (19.09.2025) во 12:25 часот на регионалниот пат Кавадарци- Росоман од страна на полициски службеници од ОВР Кавадарци од слобода е лишен М.А.(39) од Скопје. Тој управувајќи патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки предизвикал сообраќајна несреќа, а при вршењето на увид е констатирано дека М.А. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,60 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, против М.А. ќе биде поднесена пријава по член 297-а од…

Повеќе

Дарувањето пари е честа појава – било да станува збор за родендени, свадби, матурски прослави или семејни пригоди во Германија. Сепак, ваквите подароци не се целосно надвор од вниманието на државата. Германските даночни власти имаат јасно пропишани правила за пријавување и оданочување на повисоките суми, па затоа секој што планира да подари поголема парична вредност треба да биде информиран за законските обврски. Секој подарок што надминува 20.000 евра мора задолжително да се пријави во даночната управа во рок од три месеци. По поднесувањето на пријавата, се врши проценка дали постои обврска за плаќање данок на подарок. Помалите износи, како симболични…

Повеќе

Стручната комисија за кардиохиругија работи на случаите, а во неа се вклучени и двајца претставници од Фондот за здравстено осигурување (ФЗО). До ФЗО се доставени пет претставки од граѓани и сите се проследени до Стручната комисија. Првиот состанок на министерот за здравство со странските експерти кои треба да ја извршат крајната ревизија се очекува да биде онлајн, а потоа тие ќе пристигнат и во земјава. -Моментално Комисијата работи, следниот состанок можеби ќе има резултати за првите анализи, а понатаму очекуваме да пристигнат и други материјали кои исто ќе се разгледуват и потоа ревизија ќе прават странски експерти кои ги очекуваме.…

Повеќе