Author: Author 03

Максимално сме отворени и излегуваме во пресрет и фаваме поддршка затоа што сте основен двигател на бизнисот, порача вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на денешната средба со превозниците во Скопје. Николоски оцени дека е многу позитивен индикаторот за раст на секторот Транспорт и логистика во вториот квартал од 6,1 процент споредено со истиот период од минатата година. Тоа, посочи, е двојно повеќе од растот на БДП, што говори дека оваа индустрија се развива и уште има простор за раст. Во таа насока преземаме многу мерки, начин на распределба на ЦЕМТ дозволи до начин на пристап до Министерството. Ги…

Повеќе

НАТО денеска ја предупреди Русија да прекине со нарушување на воздушниот простор долж нејзиното источно крило. – Русија сноси целосна одговорност за овие дејствија, кои се ескалирачки, ризикуваат погрешна процена и загрозуваат животи. Тие мора да престанат, се наведува во соопштението на 32-те земји-членки на Северноатлантската алијанса. Соопштението на НАТО уследи по минатонеделниот упад на руски авиони во воздушниот простор на Естонија и нарушувањето на воздушниот простор на Полска и на Романија со руски дронови.

Повеќе

Верувам дека оваа година е намалена системската корупција во голема мера, дали е уништена – не, но верувам дека од година во година бројките и оние скалила кои што нè мерат, верувам дека Македонија само ќе напредува, рече в.д. директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов во одговор на новинарско прашање поврзано со системската корупција во затворите ширум земјава. По денешната Меѓународна научна конференција во организација на Факултетот за безбедност – Скопје, Пандов посочи дека откако е на чело на Управата за извршување санкции имал бројни средби со обвинители и судии и дека точно е дека таму постои корупција,…

Повеќе

Факт е дека во Македонија имаме хибриден напад во изминатите неколку месеци, од повеќе страни, на повеќе полиња имаме загрозување на одредени витални точки во државата, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, посочувајќи дека МВР постапува и дека во овој момент не може да изнесе повеќе детали во јавноста. Прашан дали има некоја нова трага или осомничени за центрите на моќ, кои според реториката слушаме дека стојат зад пожарите, Тошковски, само кратко одговори „да, имаме“, без да даде повеќе детали. -Хибридни закани е поим што многу често се користи во рамки на научна мисла и во рамки на праксата,…

Повеќе

Македонската православна црква – Охридска архиепископија соопшти дека на 28 септември во 8.30 часот ќе се осветува црквата „Св. Константин и Елена“ што се наоѓа на улицата „Македонија“ во центарот на Скопје. – По повод осветувањето на велелепниот храм посветен на светите цар Константин и царица Елена, со особена радост ве покануваме да земете литургиско учество во овој свечен и бележит настан, соопштија од МПЦ-ОА. Осветувањето ќе го изврши неговото блаженство, архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со бројни архијереи од Црквата.

Повеќе

СДСМ остро ја критикува Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и министерката за образование Весна Јаневска поради, како што велат, целосен колапс во испораката на учебници за учениците во новата учебна година. Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, посочи дека илјадници ученици низ државата се принудени да учат без учебници, а оние кои ги имаат, добиле стари, оштетени и неупотребливи материјали. Според СДСМ, родителите не треба да бидат принудени да печатат учебници дома, ниту наставниците да импровизираат на своја рака. „Наместо да преземе одговорност, Весна Јаневска прво ветуваше дека проблемот ќе го решава со донации, а потоа се повлече и изјави дека учебниците…

Повеќе

Министерството за здравство, во соработка со Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија, организира дводневен скрининг на населението во Трубарево, што ќе се одржи утре и задутре, 24 и 25 септември, информираа денеска во изјава за МИА, министерот Азир Алиу и директорот на Клиниката, Оливер Зафировски. – Скринингот ќе го вршат две екипи од Клиника за пулмологија со две амбулантни возила. Прегледите се наменети за сите заинтересирани од Трубарево и од околните населени места, а особено за лицата кои чувствуваат потешкотии при дишењето или имаат симптоми кои укажуваат на заболувања на дишните патишта, појасни министерот Алиу. Предвидено е скринингот да опфати:…

Повеќе

Владата размислува за нов сет на мерки за намалување на загадувањето пред почетокот на зимската грејна сезона. Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека на владина седница ќе биде разгледана иницијативата за поставување филтри на оџаците на домаќинствата и државните институции што се греат на фосилни горива. – За еден месец започнува грејната сезона. Денеска на владина седница ќе отворам значајна точка. Гасификацијата ќе трае подолго, затоа треба да разгледаме можност, како што субвенционираме клими и топлотни пумпи, да обезбедиме филтри на оџаците за 5 до 10 илјади домаќинства. Лично работев на оваа проблематика и видов дека во голем дел од…

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски денес беше на пуштање во употреба на затворен базен во Штип, од каде им честиташе на градоначалникот и на министерот за спорт, но и на пратениците во македонското Собрание од Штип, коишто вели дека вложуваат атом повеќе енергија, повеќе за да обезбедат проект повеќе овде за Штип. -Навистина би сакал исто така да му честитам на градоначалникот, на советниците, на администрацијата во Општина Штип што изминативе скоро четири години реализираа голем дел од проектите. Со тие проекти можам слободно да кажам дека Штип доби една современа, модерна физиономија, дека навистина е центар во истокот. Штип денеска делува…

Повеќе

Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, изјави дека неговата земја, за разлика од повеќето членки на Европската Унија, нема намера да го користи годинашното Генерално собрание на ОН за „ширење на бриселскиот наратив“ за војната во Украина, туку за унапредување на целта за мир. Според денешното соопштение на министерството, Сијарто изјави дека на првиот ден од Генералното собрание на ОН, уште еднаш стана јасно дека неговите колеги од ЕУ „за жал немаат намера да ја искористат оваа недела за воспоставување мир или повторно отворање на дипломатски канали, туку продолжуваат да се фокусираат на ширење на нивниот воен наратив“, пренесува МТИ.…

Повеќе