- Љутков во Кичево по изборот за Град на културата 2026
- ДУИ за случајот со Груби: Судот и обвинителството да не потпаѓаат под политички притисоци
- „Global Digital City 2026″ во Тетово – Поттикнување на вработувањето на младите
- „Унапредување на правото на здравје за лицата со попреченост“
- Апсење во Драчево
- Нека не ве лаже сонцето – Полицијата ќе ве казни 2800 денари ако го немате ова во возилото
- Евроамбасадорот Рокас во посета на Прилеп
- Пет сведоци ќе раскажат за хоророт – Продолжува судењето за пожарот во „Пулс”
Author: Author 03
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска имаше работна средба со вишиот специјалист за енергетика при Светска банка, Редон Беголи. На средбата, како што соопшти нејизниот кабинет, се разговараше за тековната и идната соработка помеѓу Македонија и Светска банка во областа на енергетиката, со акцент на проекти кои ќе придонесат за зголемување на енергетската безбедност, ефикасност и одржливост. Во октомври, на Годишното собрание на Светска банка во Вашингтон, државите ќе имаат можност да поднесуваат предлог-проекти за кои се бара финансиска и стратешка поддршка. Македонија ќе аплицира со неколку проекти, но како најзначаен се издвојува проектот за изградба…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцуснски, денеска во Њујорк учествуваше на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите од САД – Јадранската Повелба (А5), што се одржа на маргините на 80. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации. Муцунски, какако што јави известувачот на МИА, ја истакна значајната улога на САД и поддршката што ја даваат за оваа регионална иницијатива повеќе од две децении, нагласувајќи дека нејзиното продолжување е од клучно значење за зајакнување на безбедноста, стабилноста и просперитетот на регионот. Тој посочи дека е неопходно постојано да се одговара на предизвиците и заеднички да се наоѓаат…
Цената на златото достигна историски максимум од 3184 евра по унца. Пазарот реагира на најновото намалување на каматните стапки од страна на Федералните резерви на САД. Цената на златото утрово достигна историски максимум од 3184 евра (3755 долари) по унца во 9:30 часот по средноевропско време, јавува агенцијата Анадолу Ајанси.Според податоците од пазарите, цената се зголемила за 0,22 проценти во однос на претходниот ден, продолжувајќи го нагорниот тренд што трае веќе неколку месеци. Историски раст од 42,8% за една година Во последните 12 месеци, цената на златото се движела меѓу 2150 евра (2536,91 долари) и денешните 3184 евра, што претставува…
Гувернерот Трајко Слевски во објава на Фејсбук им појаснува на граѓаните дека регулацијата и контролата на финансиските друштва што издаваат т.н. „брзи кредити“ не е во надлежност на Народната банка (НБ), туку на Министерството за финансии. -Често поставувано прашање (на погрешна адреса): регулацијата и контролата на финансиските друштва, познати кај граѓаните најмногу по одобрувањето т.н. „брзи кредити“, не се во надлежност на Народната банка, туку на Министерството за финансии, напиша Славески на својот пост на Фејсбук.
Во вториот квартал годинава нето надворешниот долг изнесува 4.595 милиони евра, покажуваат податоците од објавеното редовно статистичко соопштение на Народната Банка за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција. -На 30 јуни 2025 година, нето надворешниот долг изнесува 4.595 милиони евра (или 28,2% од проектираниот БДП). Нето надворешниот долг на земјата, во вториот квартал од 2025 година, е зголемен за 44 милиони евра, или за 1%. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 67,1%, се вели во соопштението. Во текот на вториот квартал од 2025 година, негативната нето меѓународна инвестициска…
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули годинава, изнесува 45 276 денари и е за 10.5 отсто повискока од истиот месец лани, соопшти Државнииот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 16.5 %, Образование за 15.0 % и Дејности на здравствена и социјална заштита за 14.8 %. Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 4.0 %, Рударство и вадење на камен за 3.3…
Актуелното раководство на Министерството за образование и наука со нов Закон за учебници, изработен заедно со сите засегнати чинители во одобрувањето, изработката и испораката на учебници во основното и средното образование го реши предизвикот кој четири министри на претходната Влада не успеаја да го надминат. -Оваа учебна година има учебници за сите ученици и испораката е веќе завршена. Целосно нови учебници има во седмо одделение во основното образование и во прва година во средно гимназиско образование, поради примената на нови наставни програми. За прв пат, по цели седум години нови учебници има и по сите странски јазици. Изработката на нови…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната посета на САД, по повод 80. Сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, во Њујорк приуствуваше на приемот организиран од Американско-балканската стопанска комора. Претседателката на приемот беше придружувана од шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски. – Драго ми е што успешни Македонци, претприемачи од САД се иницијатори на оваа стопанска комора и придонесуваат за зближување на американските и балканските бизнис заедници, како и за меѓусебна соработка на земјите од регионот. Верувам дека регионално најлесно можеме да се интегрираме во ЕУ. Соработувајте меѓусебе и промовирајте ги македонските инвестициски потенцијали. Ние сме мала земја, но со…
Русија сноси целосна одговорност за упадите во воздушниот простор на земјите членки на НАТО, кои зачестуваат, претставуваат ризик од погрешна проценка и загрозуваат животи, па затоа тие мора да престанат, порача денеска Северноатлантскиот совет по состанокот на ниво на амбасадори на земјите членки на Алијансата во Брисел. Состанокот беше одржан претпладнево на барање на Естонија поради нарушувањето на естонскиот воздушен простор од страна на три руски борбени авиони на 19 септември. – Овој упад е дел од поширок модел на се понеодговорното руско однесување. Ова е втор пат за две недели Северноатлантскиот совет да одржува консултации, по големото нарушување на…
Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници да ги достават потребните документи до своите сметководители заради навремено поднесување и плаќање на обврските по основ на данокот на додадена вредност (ДДВ) за даночниот период 01.08 – 31.08.2025. Крајниот рок за поднесување и плаќање на ДДВ-04 пријавите е 25 септември 2025 година (четврток). Бидете одговорни даночни обврзници. Исполнете ги обврските навреме и одржувајте солидна даночна историја, на тој начин избегнувате дополнителни трошоци, камати и санкции. Досега, од очекуваните 7.748 ДДВ-04 пријави, поднесени се вкупно 2.057, што е близу 27% од вкупниот број на даночни обврзници кои треба да поднесат ДДВ…
