Author: Author 03

На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистина“, вечерва гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласовска, која дискутираше на повеќе теми како правосудство, и актуелни политички случувања, меѓу кои беше и темата за случувањата околу пожарите и притоа потенцираше дека овие настани не се во корист на Владата, а за тоа доказ се директорите на Дрисла и комунална хигиена кои се токму од опозициската ДУИ. „Очигледно е дека она што го гледаме и со депониите и со ѓубрето дека потребни се казни, мора и казни да постојат за некој којшто го уништува јавното добро. Во времето кога беше СДС…

Повеќе

Миле Лефков, пратеник во Собранието и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа. Тој зборуваше на темата за правосудството во земјава и истакна дека граѓаните имаат јасен и цврст став, а ги спомена и истражувањата на „Транспаренси интернешнл“ кои покажуваат дека корупцијата не се манифестира само во големите случаи, кои се и медиумски експонирани туку и во секојдневните постапки во основните судови, каде ја чувствуваат неправдата. Лефков додаде дека СДС со години ги блокира промените во правосудниот систем, и јак користи политиката како алатка за манипулација со човечката болка. „Кога се обидувате…

Повеќе

Хрватската полиција уапси најмалку тројца осомничени во истрагата за убиството на хрватскиот политичар Зоран Гргиќ во Славонски Брод, јавуваат хрватските медиуми. Според првичните информации, жртвата најпрво била удрена со автомобил, по што врз неа било пукано со огнено оружје. Полицијата потврди дека е приведено лице осомничено за убиството, а локалните извештаи додаваат дека бројот на уапсени изнесува тројца, во координирана акција на повеќе локации. Инцидентот се случил на подрачјето на Славонски Брод. Истражителите работат на реконструкција на настаните и на утврдување на мотивите, додека балистичките и трасолошките вештачења се во тек. Очекувањата се дека по криминалистичката обработка осомничените ќе бидат…

Повеќе

Во една од најчудните и најконтроверзните одлуки донесени од италијанските затворски власти, беше стопирана иницијативата за поделба на кондоми на затворениците во затворот во Павија. Официјалното образложение не е поврзано со морал или религија, туку со безбедносен ризик: властите стравуваат дека затворениците би можеле да ги користат кондомите за да кријат и да шверцуваат дрога, вклучително и со нивно голтање. Иницијативата, која била предложена од локалните здравствени власти како „терапевтска“ мерка за спречување на ширењето на сексуално преносливи болести, предвидувала поделба на 720 кондоми. Сепак, централната Управа за затвори (ДАП) итно ја блокирала одлуката, наведувајќи дека таа претставува „ризик по…

Повеќе

Знаци кои ги привлекуваат парите како магнет овие денови – проверете дали сте меѓу нив! Ако сте родени во еден од следниве знаци, подгответе се за неочекуван прилив на пари. Ѕвездите се порамнија, а космосот ви испраќа сигнал дека е време за финансиски скок. Бик – пари преку труд кои конечно се наградени Бик, вашата работа од изминатите месеци се остварува. Можно е да ве контактира клиент, поранешен работодавач или можност за дополнителен приход. Не ги игнорирајте поканите – зад нив стои профит. Водолија – идеја што носи пари Водолија, вашата креативност е на врвот. Ако имате проект на ум,…

Повеќе

Изградбата на брза пруга на коридор 10, зелени коридори на граничните премини, регионална соработка, поефикасен транспорт на стока и патници, се дел од темите на кои заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска ги отвори на две одвоени средби со министерот за инфраструктура и транспорт на Грција, Христос Димас, како и со алтернативниот министер за инфраструктура и член на Парламентот, Константинос Киранакис. Во рамки на меѓусебната соработка, унапредувањето на патниот и железничкиот транспорт се областите каде двете земји имаат заеднички интерес во насока на регионален развој, беше потврдено на средбите. Заменик претседателот на Владата, Николоски…

Повеќе

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп е „бизнисмен кој се обидува да го принуди светот да купува скапа американска нафта и течен гас“. – Претседателот Трамп никогаш не ја криел својата намера да ги обезбеди економските интереси на Америка. Најлесен начин е да го принуди целиот свет да купува американска нафта и течен природен гас по повисоки цени, изјави Песков во интервју за руската радио станица РБК. Тој тврди, како што пренесува Анадолија, дека Трамп ги остварува своите цели избегнувајќи комплицирани дипломатски тактики, а наместо тоа користи директен економски притисок. Песков, исто така, тврди…

Повеќе

Мајли Сајрус отворено зборуваше за својата страст кон градинарството и како тоа ѝ помага да одржува здрави навики во животот. Во разговор со Памела Андерсон за новото издание на CR Fashion Book, Сајрус откри како процесот на грижа за градината ѝ помогнал да остане трезна. -Градинарството е нешто што го правите за себе. Кога ги поминувам тие мали драгоцени моменти со нешто едноставно како ставање семе во земјата и негово негување, тоа станува многу личен процес, рече Сајрус. Таа откри дека градинарството имало позитивен ефект врз неа и, како што тврди, станало лек за нејзиното патување до трезност, пишува People.…

Повеќе

„Само ние можеме да ја гарантираме сопствената безбедност. Нема безбедносни гаранции, освен пријатели со оружје“, изјави претседателот на Украина, Зеленски, додавајќи оти Русија одбива примирје. Според него рускиот претседател нема да застане и ќе ја турка војната „понапред, пошироко и подлабоко“. „Украина е само првата. Руски беспилотни летала веќе летаат низ цела Европа. Запирањето на Путин сега е поевтино отколку обидот да се заштити секое пристаниште од терористи со морски беспилотни летала. Запирањето на Русија сега е поевтино отколку да се прашувате кој ќе биде туристот што ќе создаде беспилотно летало со нуклеарна боева глава. Запрете го Путин сега или…

Повеќе

Крв, паника и крик среде објект за имиграција се сцените од напад со снајпер во средата наутро во Далас во САД. Од истрелите биле погодени вработени во безбедносна зона на Американската служба за имиграција и царина. Тројца загинале, меѓу нив и напаѓачот кој се самоубил. Меѓу загинатите, најверојатно, има и еден припадник на службата. – Имаме повеќе повредени и загинати лица. Иако не го знаеме мотивот, знаеме дека ваквото насилство станува секојдневие. Ова мора да престане – изјави секретарката за внатрешна безбедност на САД Кристи Ноем. Првичните анализи сугерираат дека напаѓачот пукал однадвор. – Погодени се луѓе што биле во…

Повеќе