Author: Author 03

Полицијата уапси дваесет и петгодишен жител на село Малотино од општина Старо Нагоричане, осомничен за убиство на седумдесет и осумгодишна жителка на село Челопек, соопшти денеска СВР Куманово. Како што наведуваат од кумановската полиција, на 12-ти февруари, осомничениот влегол во нејзиниот дом, физички ја нападнал и со перница ја задушил жената. „Вчера во 19:30 часот во село Драгоманце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане го лишиле од слобода Т.Б.(25) од с. Малотино, општина Старо Нагоричане, поради сомнение дека сторил кривично дело по член 123 од Кривичниот законик. Тој се сомничат дека на 12-ти февруари во нејзиниот…

Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 52-годишник осомничен за – Телесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, при вршење семејно насилство во домот на улицата “Рајко Жинзифов”, физички ја нападнал својата 32-годишна вонбрачна партнерка која била во вториот месец од бременоста. Во расправија, тој започнал жената да ја удира со тупаници и шлаканици, нанесувајќи и телесни повреди – гребаници, отоци и хематоми на главата и телото. Оштетената почнала силно да вика и да бара помош со намера да слушнат соседите и да повикаат полиција, но колку посилно викала толку осомничениот…

Повеќе

Се огласија од Јавното Обвинителство за убиството во кумановско. Уапсен е 25-годишник кој се товари и за други кривични дела. Информираат дека јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово извршил увид на лице место во селото Челопек каде било пронајдено безживотно тело на 78-годишна жена, за која постојат сомненија дека насилно била лишена од живот. – Дадени се повеќе наредби за обезбедување докази и траги од чице место кои ќе бидат предмет на вештачење. Едно лице е лишено од слобода под сомненија дека е сторител на кривичното дело – убиство. Постојат сомненија дека истото лице во претходниот период било извршител и на…

Повеќе

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против А.С.(19) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори и „овозможување употреба на наркотични дроги“. При извршени контроли на улицата „Дебарски Конгрес“ во Дебар,, полициски службеници од ОВР Дебар го затекнале пријавениот како на лице од Струга му дава марихуана, по што веднаш двајцата биле лишени од слобода.  

Повеќе

На 13.02.2026 во 15:30 часот на ул.„Маршал Тито“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.И.(29) од с.Србица, кичевско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека го управувал возилото без положен возачки испит. По наредба на јавен обвинител, лицето е задржано во ОВР Кичево, а возилото е одземено. По документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

Повеќе

Таткото на осумгодишната Ана упати јавна благодарност до сите граѓани, пријатели, роднини, колеги и институции кои дадоа поддршка во хуманитарната акција за лекување на неговата ќерка, откако кампањата официјално беше затворена со собрани 3,1 милиони денари за само шест часа. Во обраќањето, тој и неговата сопруга Ивана Карановска Јованчев изразуваат бескрајна благодарност до блиските и подалечните роднини, другари, наставнички, инфлуенсери, медиуми. Посебна благодарност упатуваат до кошаркарскиот клуб „Вардар“ и Бране Андриевски за иницијативата, до доктор Ивана Клишеска Илчевска, како и до доктор Ненад Лазаров и фондацијата „Ecrowd“, преку која средствата беа собрани за рекордно кратко време. Семејството им се заблагодари…

Повеќе

По повод празникот Св. Трифун, кој важи за најзначаен ден за лозарите и винарите од Тиквешкиот Регион, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска од Неготино упати честитки до земјоделците, посакувајќи им добар род и стабилни, повисоки откупни цени. Николоски истакна дека Владата ја завршила својата обврска кон земјоделците и дека субвенциите се целосно исплатени за сите кои макотрпно работат и произведуваат. Според него, тоа треба да биде дополнителен мотив и стимул за новата производствена сезона. „Се надевам дека ова ќе биде поттик за уште подобра и поуспешна година, со квалитетен род и мотивирани земјоделци. Ние…

Повеќе

Пораките на американскиот државен секретар Марко Рубио од Минхенската безбедносна конференција се јасен сигнал за сите сојузници, светот веќе не функционира по старите правила. Како Влада, продолжуваме посветено да го зајакнуваме нашето место во трансатлантската заедница. Подготвени сме да одговориме на предизвиците, да ја модернизираме нашата одбрана и да обезбедиме сигурна иднина за нашите граѓани, објави премиерот Христијан Мицкоски, од Минхен. Мицкоски од вчера престојува во повеќедневна посета на Сојузна Република Германија, каде што учествува на 62. Минхенска безбедносна конференција, на која, како што соопшти владината прес-служба, ќе ја реафирмира определбата на државата за предвидлив и фер процес на интеграција…

Повеќе

АФЖ – Левица најостро го осудува лицемерието и ароганцијата на Дафина Стојаноска, поддржана од пратениците на ДПМНЕ и самиот Мицкоски, кои се обидуваат да се засолнат зад флоскулата „жена, мајка“ во момент кога јавноста бара одговорност за нејзиниот крајно недостоен чин – објавување снимка во која се појавуваат малолетни деца, во контекст на удар врз лидерот на најголемиот синдикат во државата, реагираат од Левица. „Додека ДПМНЕ држи лекции дека секој што се впуштил во јавниот живот (алудирајќи на Трендафилов) треба да биде подготвен и на критики, ДПМНЕ, типично за нив, бегајќи од одговорност за скандалозната снимка, се кријат зад жртвениот…

Повеќе

Пола Влада во затвор ќе отидеше затоа ме суспендираа, вака изјавува поранешната обвинителка во СЈО, Лејла Кадриу за нејзината истрага за пожарот во модуларната болница. За да бидат поставени модуларните болници, односно пред да се случи пожарот во модуларната болница каде што загинуваат 14 наши сограѓани, Филипче и Заев наместо да ги подобрат стандардите на болниците, Министерството за транспорт и врски, по предлог на владата, го менува Законот за градење по итна постапка, со цел овој тип на објекти да ги преместат во урбана опрема за чие поставување одобрение ќе издава МЗ или тогашниот министер, Венко Филипче, изјави на денешната пресконференција Валентин…

Повеќе