Author: Author 03

Хрватската музичка ѕвезда Северина Вучковиќ јавно им даде поддршка на граѓаните на Сараево, кои веќе петти ден масовно протестираат по трагичната сообраќајна несреќа што се случи на 12 февруари. Пејачката на својот Инстаграм профил сподели емотивни видеа и фотографии од масовните собири, со пораки во кои истакнува дека „Сараево се буди“ и изразува длабоко сочувство до семејствата на настраданите. Таа сподели и спомени од својот последен голем настап во овој град, порачувајќи дека секогаш ќе стои со сараевската публика. Протестите, кои се во полн ек, се предводени од средношколци и студенти кои бараат одговорност и поголема безбедност во сообраќајот по…

Повеќе

Русија и Иран започнаа заеднички поморски вежби во водите на Индискиот Океан и Оманскиот Залив, во непосредна близина на позициите каде што се стационирани американски носачи на авиони. Оваа воена маневра доаѓа во време на зголемени глобални тензии и се толкува како директен одговор на засиленото воено присуство на САД и нивните сојузници во регионот. Според соопштенијата од воените штабови, главната цел на вежбите е зајакнување на безбедноста на меѓународната поморска трговија, борбата против пиратството и тероризмот, како и размена на оперативни искуства меѓу морнариците на двете земји. Во маневрите се вклучени воени бродови, подморници и авијација, кои извршуваат вежби…

Повеќе

На 17.02.2026 во 22:40 часот на ул. „Благоја Тоска“ во близина на крстосницата со ул. „29 Ноември“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишија од слобода М.Ц. (27), од Тетово. При сообраќајна контрола било констатирано дека управувал патничко моторно возило „хјундаи“ со тетовски регистарски ознаки, без возачка дозвола. Возилото е одземено, додека тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 17.02.2026 во 00:20 часот на бул. „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Г.М. (19) од с. Синичане. При…

Повеќе

Стари, недоволени по број и неисправни. Состојбата со автобусите на ЈСП е аларматно загрижувачка, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации. Претпријатието располага со 341 автобус, но иако 185 се технички исправни, на улиците секојдневно сообраќаат само 157. Во 2015 година граѓаните имале на располагање 316 автобуси дневно, а денес таа бројка е за околу 40 проценти помала. Истражувањето покажува и драстичен пад на корисниците на јавен превоз. „Оваа бројка е најфрапантна 30 милиони патници помалку се превезуваат. Во исто време, бројот на исправни автобуси што дневно се ставаат во употреба исто така е намален. И денеска имаме само 157…

Повеќе

Универзитетите да отвораат студиски програми, факултети, насоки или специјализации според потребите на пазарот на труд, истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска, одговорајќи на пратеничко прашање од пратеникот Халил Слопче, кој на денешната собраниска седница праша зошто средношколци по завршувањето на образованието немаат можности да продолжат да студираат на мајчин јазик на акредитирани студии и дали има стратегија за обезбедување соодветен стручен кадар. Министерката Јаневска посочи дека новиот Закон за високо образование нуди можности и и тие треба да се искористат во рамки на автономијата на универзитетите. – Апелирам универзитетите да отвораат соодветни студиски програми, факултети, насоки или специјализации…

Повеќе

Со изнесувањето на завршните зборови на четворицата обвинети — Хашим Тачи, Кадри Весељи, Реџеп Сељими и Јакуп Красниќи — во Специјализираните совети во Хаг официјално заврши оваа фаза од судската постапка. Поранешните водачи на ОВК пред судскиот совет изјавија дека се невини и тврдеа дека обвинувањата за воени злосторства и злосторства против човештвото се целосно неосновани. Хашим Тачи во своето обраќање побара ослободителна пресуда и истакна дека наводите на обвинителството се невистинити, додавајќи дека неговиот фокус секогаш бил ставен на соработката со НАТО и САД, без кои Косово не би ја стекнало својата независност. Кадри Весељи тврдеше дека неговите постапки…

Повеќе

Данскиот крал Фредерик X денеска ја започна својата тридневна официјална посета на Гренланд. Како што пренесува данскиот весник „Политикен“, кралот слета на аеродромот во главниот град Нук, каде што беше пречекан со највисоки државни почести од гренландскиот премиер Јенс-Фредерик Нилсен и претседателот на парламентот, Ким Килсен. Густа агенда во главниот град Првиот ден од посетата е посветен на клучните столбови на гренландското општество – образованието, економијата и безбедноста: Програма за наредните денови Кралот Фредерик ќе го продолжи својот престој до петок, со цел да се запознае со спецификите и предизвиците на различните региони: Зошто е важна оваа посета? Оваа посета…

Повеќе

Веќе со месеци се множат објавите за исфрлање кучиња од други градови во Скопје! Со нив се множат и немилите снимки од несакани интеракции животно-човек. Нема да биде првпат да се креира вештачки проблем со носење кучиња од други градови, создавање немир и револт кај населението за после да „пројде“ масовна еутаназија како „решение“. Бевме сведоци на дискусија во комисијата за комунални работи на Град Скопје каде што од претставник на актуелното градско раководство се нафрли терминот „еутаназија“. Не сме заборавиле дека Комунална хигиена во времето на Коце Трајановски масовно и симултано труеше низ сите скопски општини. Фрлаа отров накај…

Повеќе

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Мајкл Дозлер, раководител на Одделот за европски и евроазиски прашања во Канцеларијата за меѓународни верски слободи, како и со други претставници во Стејт департментот на САД.За време на средбата, претседателот Гаши нагласи дека нашата земја ужива верскахармонија, која треба да служи како модел за унапредување на другите општествениодноси. Беше дискутирано за важноста на толеранцијата и негувањето на верскитевредности, а воедно и зачувувањето на секуларниот карактер на државата.Г. Дозлер изрази благодарност за моделот на хармонија што постои во земјата инагласи понатамошна поддршка за иницијативите што промовираат мир и соработка.Меѓу другото, беа дискутирани и…

Повеќе

Чистењето на шпорет со рамна плоча треба да биде едноставен процес ако се одржува правилно и редовно. Исто така, рамната плоча не толерира стружење, гребење и триење, а чистењето со природни средства е попрепорачливо отколку со хемиски средства. За чистење, се препорачува да користите меки крпи и сунѓери, а не жици, а природните состојки кои ефикасно ги отстрануваат мастите можат да ви помогнат да триете. Еден од советите е да користите мешавина од сода бикарбона и лимон, а треба да посипете малку сода на плочата и да ја истриете со парче лимон. Дополнително, корисно е да мешате сол и сода…

Повеќе