Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Мајкл Дозлер, раководител на Одделот за европски и евроазиски прашања во Канцеларијата за меѓународни верски слободи, како и со други претставници во Стејт департментот на САД.
За време на средбата, претседателот Гаши нагласи дека нашата земја ужива верска
хармонија, која треба да служи како модел за унапредување на другите општествени
односи. Беше дискутирано за важноста на толеранцијата и негувањето на верските
вредности, а воедно и зачувувањето на секуларниот карактер на државата.
Г. Дозлер изрази благодарност за моделот на хармонија што постои во земјата и
нагласи понатамошна поддршка за иницијативите што промовираат мир и соработка.
Меѓу другото, беа дискутирани и искуствата и средбите одржани за време на
последната посета на претседателот во Вашингтон (февруари 2026 година), каде што
Гаши изрази благодарност за меѓудржавната соработка и партнерство.
- ВМРО-ДПМНЕ со критики до СДСМ: Македонска Каменица чека улици, канализација и завршени проекти
- ВМРО-ДПМНЕ: Заев ги вдомил луѓето на Вучиќ во Владата, Филипче денес соработува со нив
- Трагедија кај Запорожје: Работник загина во напад со дрон врз нуклеарната централа
- ФОТО: Ставил дрога во тегли и тргнал на пат – Апсење во Македонија
- Ангелов: „Рѓосани, но убиствени“ – Бомби лежеле на само 200 метри од куќите во Битола
- Ветувале брза заработка, измамиле стотици граѓани – МВР апелира да не наседнувате на вакви измами
- Голем пресврт: Под американски притисок, Украина стави рампа на нападите врз руската енергетска инфраструктура
- Над 2,2 билиони денари промет оствариле компаниите во Македонија – Статистиката открива каде се вртат најмногу пари

