Author: Author 03

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска го посети Мајчин дом, по повод проширувањето на просторните капацитети на одделот за психофизиологија. – Проширувањето овозможува поефикасна организација на дијагностичките и терапевтските активности и обезбедување стручна поддршка во областа на детскиот развој. Новите простории создаваат функционална средина, како за стручниот тим, така и за пациентите со развојни тешкотии и нивните семејства. Ова е значаен чекор во континуираното унапредување на здравствената заштита, со посебен фокус на раната детекција, навремената интервенција и сеопфатната грижа за децата со заостанување во психомоторниот развој и аутизам, истакна министерот Алиу. Реализацијата на ова проширување е овозможена благодарение на соработката со…

Повеќе

Согласно објавениот нов податок за минимална плата, Министерството за внатрешни работи изврши линеарно покачување на платата за вработените во МВР во бруто износ од 2470 денари и тоа почнувајќи со исплата на плата за месец март 2026. Во наредниот период, со имплементација на новиот Закон за внатрешни работи ќе биде разгледана можноста за дополнително покачување на плати за вработените во МВР. Министерството за внатрешни работи продолжува да ги подобрува условите за работа и стандардот на македонската полиција, а со тоа и целокупната безбедноста на државата и граѓаните.

Повеќе

Поранешниот тренер на машката и женската екипа на Вардар, подоцна и спортски директор на „црвено-црните“ почина во Белорусија на 51-годишна возраст. Кокшаров беше дел од Вардар во време на најголемите успеси на клубот, двете освоени европски шампионски титули во 2017 и во 2019 година. За смртта на олимпискиот шампион во ракомет и тренер на Мешков Брест, објави белорускиот клуб. – Мешков Брест изразува искрено сочувство до семејството и пријателите на Едуард Александрович. Ќе го паметиме како човек кој остави траен белег во нашиот тим и во срцата на сите што го познаваа. Ова е непоправлива загуба за целото ракометно семејство…

Повеќе

Министерот за правда Игор Филков заедно со Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани ( УПОЗ) и Синдикатот на администрација, државна управа и правосудство (САДУ ) го потпишаа Колективниот договор со кој административните службеници ќе добијат етапно зголемување на платите кое до 2028 година ќе достигне вкупно 21%. Според договорената динамика, зголемувањето ќе се реализира во три фази: 7%зголемување од 1 март 2026 година; 7% дополнително зголемување од 1 март 2027 година; 7% дополнително зголемување од 1 март 2028 година. Колективниот договор дополнително предвидува: -Додатоци за ноќна смена, работа во смени, работа за време на неделен одмор, за време на празници, како и работа подолга од полното работно време. -Јубилејни награди…

Повеќе

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, денеска беше пречекан со највисоки државни и воени почести во Вила „Водно“ во Скопје од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Како што информираат од кабинетот на претседателката, по официјалниот пречек следуваат тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели, како и пленарен состанок на делегациите на двете земји. Во рамките на официјалната посета ќе биде потпишан меморандум за соработка помеѓу младинските совети при кабинетите на двајцата претседатели.

Повеќе

Предавникот Христијан Мицкоски отиде кај својот пријател Виктор Орбан да се договара за Никола Груевски и нивните бизниси. Кога оди Мицкоски кај Орбан? Во време на огромни корупциски скандали што ја тресат Унгарија пред изборите. Последниот скандал: Најдобриот другар на Орбан од водоводџија станува еден од најбогатите луѓе. Како? Па преку државни тендери. Дури 14% од сите државни договори од 2010 година завршиле кај блиски луѓе на Орбан – вкупно вредни 32 милијарди долари, изјави на денешната прес-конференција Јон Фрчковски, член на ИО на СДСМ. Истите криминални тендерски шеми како Мицкоски и ВМРО-ОКГ што ги прават во Македонија. 161 тендер…

Повеќе

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) најави нов, засилен пакет мерки за борба против индустриското загадување. Клучниот столб на овие промени е воспоставувањето на Регистар на загадувачи, систем кој ќе овозможи прецизен увид во тоа колку индустријата ја загадува околината, колку енергија троши и како управува со отпадот. Строги правила за индустриските гиганти Министерот Мухамед Хоџа информираше дека новиот Закон за индустриски емисии ќе стапи во сила во септември 2027 година. Дотогаш, сите капацитети со А-интегрирана еколошка дозвола ќе мора да се подготват за новите обврски. Јавна расправа за „Усје“ и нови филтри за институциите Министерот најави дека…

Повеќе

Власта свесно го блокира патот кон Европската Унија и нема намера земјата да ја внесе во ЕУ. Тоа е фактот и тоа е вистината. На Мицкоски му одговара да нема никаков надзор, му одговара да биде во земја која ја чувствува како своја приватна фирма, за да минуваат сите оние криминали и тендери за кои ние објавуваме“, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, во гостувањето на 24 Анализа. Таа нагласи дека ваквата политика не е случајна, туку е свесен избор на власта за да може да се луксузира и да ги спроведува своите криминали и корупција. „Дали е нормално во…

Повеќе

Јапонското Министерство за одбрана потврди дека воените бази во југозападниот дел на земјата се опремени со нови ракетни системи со голем дострел. Овој потег е дел од долгорочниот план на Токио за зајакнување на „способноста за контранапад“ во случај на надворешна агресија. Стратешко позиционирање кон Источнокинеското Море Распоредувањето на овие системи е фокусирано на островите кои се наоѓаат во близина на Тајван и спорните води во Источнокинеското Море. Целта е јасна: создавање на силен одвраќачки фактор против растечките воени активности на Кина во регионот. Од одбрана кон „активно одвраќање“ Јапонија со децении се придржуваше до строго одбранбена доктрина, но променетите…

Повеќе

САД се подготвуваат за историска промена во државната симболика. Името на Доналд Трамп наскоро ќе се најде на некои од најпрепознатливите државни обележја — од валутата што граѓаните ја користат секојдневно, па сè до клучната инфраструктура и воената моќ на земјата. Брендирање на американската моќ Според плановите на новата администрација и поддржувачите во Конгресот, се подготвуваат неколку иницијативи кои ќе го овековечат ликот и името на 47-от претседател: Политички реакции и симболика Додека поддржувачите на Трамп го гледаат ова како заслужено признание за неговата „Make America Great Again“ агенда, критичарите сметаат дека ваквиот потег е без преседан во модерната американска…

Повеќе