- (ВИДЕО) Драматична акција: Штипските пожарникари спасуваа човек од запалена вила во Кадидере
- Познат идентитетот на загинатите во страотната сообраќајка на патот Градско-Прилеп
- ВМРО-ДПМНЕ: За СДС македонскиот јазик е само политички маркетинг, за нас е државна и национална обврска
- Трамп: САД повторно ќе го нападнат Иран, ќе го заземат островот Харг
- Муцунски утре ќе учествува на бизнис форум во Истанбул
- Мелони: ЕУ треба да има еден претставник за преговори со Русија
- Хорор ја стресе Македонија: 14-месечно дете се затруло од средство за чистење
- Во Владата состанок за реформската агенда
Author: Author 03
Првиот заменик-претседател на Владата на Република Македонија, Беким Сали, денеска учествуваше на 10-тиот Самит на верските лидери од земјите на Балканот, кој се одржа во Скопје. Самитот беше организиран по покана на Реис-ул-улемата, Шаќир еф. Фетаху, при што беа собрани претставници на верските заедници од различни земји од регионот. Во своето обраќање, Сали истакна дека присуството на учесниците од различни земји претставува доказ за заедничка волја за дијалог, меѓусебно разбирање и соработка. Тој нагласи дека настанот добива посебна тежина поради фактот што се одржува во Скопје, град во кој верскиот, етничкиот и културниот диверзитет бил и останува една од темелните…
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше и се обрати на одбележувањето на Денот на македонските инженери, по повод 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженери, во организација на Инженерската институција на Македонија. Во своето обраќање, министерката испрати силни пораки за улогата на инженерите во развојот на државата, со посебен акцент на младите и жените како клучни носители на идните процеси. „Енергетската транзиција e процес што бара знаење, систем и одговорност. Без силна стручна основа, нема вистински реформи“, истакна Божиновска. Таа потенцираше дека државата влегува во нов инвестициски циклус во енергетиката, каде што техничкиот…
На официјална церемонија, со највисоки државни и воени почести, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го пречека црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ. По тет-а-тет средбата, се одржа пленарен состанок на македонската и на црногорската делегација. Предмет на разговорите беа македонско-црногорските политички односи, економската соработка, образованието, дигитализацијата, културата и туризмот, но и регионалните, европските и меѓународните настани и состојби. Сиљановска-Давкова и Милатовиќ споделија видувања за евроинтеграциите во коишто Црна Гора е водечка земја-кандидат, а македонскиот пат е блокиран со условување со уште една од низата уставни измени, иницирани однадвор. Според нив, интензивните реформи, во духот на Копенхашките критериуми го европеизираат регионот, а пошироката трговска соработка…
Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска го посети Мајчин дом, по повод проширувањето на просторните капацитети на одделот за психофизиологија. – Проширувањето овозможува поефикасна организација на дијагностичките и терапевтските активности и обезбедување стручна поддршка во областа на детскиот развој. Новите простории создаваат функционална средина, како за стручниот тим, така и за пациентите со развојни тешкотии и нивните семејства. Ова е значаен чекор во континуираното унапредување на здравствената заштита, со посебен фокус на раната детекција, навремената интервенција и сеопфатната грижа за децата со заостанување во психомоторниот развој и аутизам, истакна министерот Алиу. Реализацијата на ова проширување е овозможена благодарение на соработката со…
Согласно објавениот нов податок за минимална плата, Министерството за внатрешни работи изврши линеарно покачување на платата за вработените во МВР во бруто износ од 2470 денари и тоа почнувајќи со исплата на плата за месец март 2026. Во наредниот период, со имплементација на новиот Закон за внатрешни работи ќе биде разгледана можноста за дополнително покачување на плати за вработените во МВР. Министерството за внатрешни работи продолжува да ги подобрува условите за работа и стандардот на македонската полиција, а со тоа и целокупната безбедноста на државата и граѓаните.
Поранешниот тренер на машката и женската екипа на Вардар, подоцна и спортски директор на „црвено-црните“ почина во Белорусија на 51-годишна возраст. Кокшаров беше дел од Вардар во време на најголемите успеси на клубот, двете освоени европски шампионски титули во 2017 и во 2019 година. За смртта на олимпискиот шампион во ракомет и тренер на Мешков Брест, објави белорускиот клуб. – Мешков Брест изразува искрено сочувство до семејството и пријателите на Едуард Александрович. Ќе го паметиме како човек кој остави траен белег во нашиот тим и во срцата на сите што го познаваа. Ова е непоправлива загуба за целото ракометно семејство…
Министерот за правда Игор Филков заедно со Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани ( УПОЗ) и Синдикатот на администрација, државна управа и правосудство (САДУ ) го потпишаа Колективниот договор со кој административните службеници ќе добијат етапно зголемување на платите кое до 2028 година ќе достигне вкупно 21%. Според договорената динамика, зголемувањето ќе се реализира во три фази: 7%зголемување од 1 март 2026 година; 7% дополнително зголемување од 1 март 2027 година; 7% дополнително зголемување од 1 март 2028 година. Колективниот договор дополнително предвидува: -Додатоци за ноќна смена, работа во смени, работа за време на неделен одмор, за време на празници, како и работа подолга од полното работно време. -Јубилејни награди…
Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, денеска беше пречекан со највисоки државни и воени почести во Вила „Водно“ во Скопје од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Како што информираат од кабинетот на претседателката, по официјалниот пречек следуваат тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели, како и пленарен состанок на делегациите на двете земји. Во рамките на официјалната посета ќе биде потпишан меморандум за соработка помеѓу младинските совети при кабинетите на двајцата претседатели.
Предавникот Христијан Мицкоски отиде кај својот пријател Виктор Орбан да се договара за Никола Груевски и нивните бизниси. Кога оди Мицкоски кај Орбан? Во време на огромни корупциски скандали што ја тресат Унгарија пред изборите. Последниот скандал: Најдобриот другар на Орбан од водоводџија станува еден од најбогатите луѓе. Како? Па преку државни тендери. Дури 14% од сите државни договори од 2010 година завршиле кај блиски луѓе на Орбан – вкупно вредни 32 милијарди долари, изјави на денешната прес-конференција Јон Фрчковски, член на ИО на СДСМ. Истите криминални тендерски шеми како Мицкоски и ВМРО-ОКГ што ги прават во Македонија. 161 тендер…
Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) најави нов, засилен пакет мерки за борба против индустриското загадување. Клучниот столб на овие промени е воспоставувањето на Регистар на загадувачи, систем кој ќе овозможи прецизен увид во тоа колку индустријата ја загадува околината, колку енергија троши и како управува со отпадот. Строги правила за индустриските гиганти Министерот Мухамед Хоџа информираше дека новиот Закон за индустриски емисии ќе стапи во сила во септември 2027 година. Дотогаш, сите капацитети со А-интегрирана еколошка дозвола ќе мора да се подготват за новите обврски. Јавна расправа за „Усје“ и нови филтри за институциите Министерот најави дека…
