- Хорор ја стресе Македонија: 14-месечно дете се затруло од средство за чистење
- Во Владата состанок за реформската агенда
- Сериозен пожарот во Штип: Едно лице е повредено – ер трактор гасне од воздух
- Драматично во Штип: Беснее нов голем пожар, има повредено лице
- Започна локално невреме во источна Македонија: Дожд и грмежи јужно од Берово
- Судење за пожарот во „Пулс“: Обвинителството презентираше докази за агенцијата „Рубикон“, одбраната тврди дека нема вина
- Дурмиши ги повика компаниите да аплицираат за државна поддршка: Рокот е до 15 јуни
- Трагедија на експресниот пат Прилеп – Градско: Две лица загинаа, едно во тешка состојба
Author: Author 03
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Н.Ј.(57) од с.Раштани, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 20.02.2026 во угостителски објект во Кичево, пријавениот упатил закани на градоначалникот на општина Кичево.
СДСМ: Историско зголемување на платите за 4 килограми домати, 2 килограми краставици и 4 литри дизел
Македонските граѓани, македонските работници имаат најниски плати во Европа и едвај врзуваат крај со крај, велат од СДСМ. Владата на Мицкоски не прифаќа да ја покачи минималната плата на 600 евра, не презима мерки за намалување на високите цени но затоа ги убедува граѓаните дека покачување на платите од 7% во образованието е „историско“. „Историското“ зголемување колку вреди? 4 килограми домати, 2 килограми краставици и 4 литри дизел. Ете толку е од историското зголемување. За само три месеци новиот раст на цените е околу 2.500 денари, вредноста на синдикалната минимална кошница во март достигна скоро 68.000 денари. Поскапе и лебот,…
Намалена видливост од 30 до 50 метри е регистрирана на патниот правец Лисец – Попова Шапка, како и во Крушево и на планинскиот превој Плетвар, информира ЈП „Македонијапат“. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Од претпријатието додаваат дека сите патни правци низ државата се проодни. На одредени делници, особено оние што минуваат низ усеци и клисури, можна е појава на поситни одрони, поради што се препорачува зголемено внимание при возење. ЈП „Македонијапат“ апелира до возачите да управуваат внимателно, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја прилагодат брзината според условите на патот. Дежурните екипи на…
На Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, претседателката д-р Гордана Сиљановска-Давкова и црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ, пред студенти, професори и други заинтересирани, одржаа заедничко предавање посветено на евроинтеграциите. Во своите излагања, обајцата укажаа на детерминираноста на членството, не само од успехот на внатрешната трансформација (европеизација), туку и од политичката волја на европскиот совет, којшто одлучува со консензус. Милатовиќ го концептуализираше процесот преку четири можни сценарија: првото се однесува на неуспехот на државата да ги искористи пристапните механизми за институционална и демократска консолидација, што има негативни импликации и за самата држава и за Европската Унија; второто сценарио подразбира постигнат реформски напредок без…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.Ј.(30) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 27.03.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, во кој имало импровизирана лабораторија со опрема за создавање на контролирани услови за одгледување на марихуана, при што биле пронајдени и одземени марихуана и стебла од растението канабис.
На 31.03.2026 околу 09:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Студеничани, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ќ.А.(42) од с.Студеничани, скопско и патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 34-годишната Р.И. од с.Студеничани, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на патничкото возило „ауди“ и шестгодишен сопатник од патничкото возило „тојота“, додека со телесни повреди се здобиле друг шестгодишен сопатник од возилото „тојота“ и возачот Р.И., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
На 31.03.2026 во 23:20 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.С.(24). Приведен е постапувајќи по претходна пријава од неговата 24-годишна сопруга дека околу 20:30 часот во домот, додека била со нејзините родители, со остар предмет им упатувал закани, а потоа ги нападнал неа и нејзиниот татко. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека американските сили ќе се повлечат од Иран „многу брзо“, но дека може да се вратат за индивидуални операции. Во интервју за Ројтерс, Трамп не прецизираше кога точно ќе заврши американското учество во војната против Иран. „Тие немаат нуклеарно оружје, бидејќи не се способни да го развијат во моментов, па ќе се повлечам, ќе ги земам сите со мене, а ако мора да се вратиме, ќе се вратиме за индивидуални напади“, рече Трамп. Според неговите зборови, Иран „дури и не сака да има нуклеарно оружје“. Тој најави дека за време на претстојното обраќање до…
На 30.03.2026 во 22:00 часот во СВР Скопје, Е.С.(45) од с.Сингелиќ, скопско, пријави дека околу 11:30 часот кај средно училиште на подрачјето на Центар, неговиот малолетен син бил физички нападнат од четворица малолетници, од кои двајца ги познавал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ако гледаме низ призма на скрининг и реформски капацитети, би требало многу бргу да станеме членка на Европската Унија, ако се има разбирање за пречката поставена надвор од европските стандарди и критериуми – изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одговарајќи на новинарски прашања на заедничката прес-конференција со нејзиниот гостин. претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. На новинарско прашање да ја коментира изјавата на премиерот Христијан Мицкоски, кој во неделата рече дека „ако треба, ќе чекаме децении, но нема да прифатиме политики што директно влијаат врз нашиот идентитет, а не нудат предвидливост и јасен крај на процесот на пристапување во ЕУ“, таа оцени…
