- (ВИДЕО) Драматична акција: Штипските пожарникари спасуваа човек од запалена вила во Кадидере
- Познат идентитетот на загинатите во страотната сообраќајка на патот Градско-Прилеп
- ВМРО-ДПМНЕ: За СДС македонскиот јазик е само политички маркетинг, за нас е државна и национална обврска
- Трамп: САД повторно ќе го нападнат Иран, ќе го заземат островот Харг
- Муцунски утре ќе учествува на бизнис форум во Истанбул
- Мелони: ЕУ треба да има еден претставник за преговори со Русија
- Хорор ја стресе Македонија: 14-месечно дете се затруло од средство за чистење
- Во Владата состанок за реформската агенда
Author: Author 03
СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.Ј.(30) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 27.03.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, во кој имало импровизирана лабораторија со опрема за создавање на контролирани услови за одгледување на марихуана, при што биле пронајдени и одземени марихуана и стебла од растението канабис.
На 31.03.2026 околу 09:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Студеничани, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ќ.А.(42) од с.Студеничани, скопско и патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 34-годишната Р.И. од с.Студеничани, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на патничкото возило „ауди“ и шестгодишен сопатник од патничкото возило „тојота“, додека со телесни повреди се здобиле друг шестгодишен сопатник од возилото „тојота“ и возачот Р.И., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
На 31.03.2026 во 23:20 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.С.(24). Приведен е постапувајќи по претходна пријава од неговата 24-годишна сопруга дека околу 20:30 часот во домот, додека била со нејзините родители, со остар предмет им упатувал закани, а потоа ги нападнал неа и нејзиниот татко. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека американските сили ќе се повлечат од Иран „многу брзо“, но дека може да се вратат за индивидуални операции. Во интервју за Ројтерс, Трамп не прецизираше кога точно ќе заврши американското учество во војната против Иран. „Тие немаат нуклеарно оружје, бидејќи не се способни да го развијат во моментов, па ќе се повлечам, ќе ги земам сите со мене, а ако мора да се вратиме, ќе се вратиме за индивидуални напади“, рече Трамп. Според неговите зборови, Иран „дури и не сака да има нуклеарно оружје“. Тој најави дека за време на претстојното обраќање до…
На 30.03.2026 во 22:00 часот во СВР Скопје, Е.С.(45) од с.Сингелиќ, скопско, пријави дека околу 11:30 часот кај средно училиште на подрачјето на Центар, неговиот малолетен син бил физички нападнат од четворица малолетници, од кои двајца ги познавал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ако гледаме низ призма на скрининг и реформски капацитети, би требало многу бргу да станеме членка на Европската Унија, ако се има разбирање за пречката поставена надвор од европските стандарди и критериуми – изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одговарајќи на новинарски прашања на заедничката прес-конференција со нејзиниот гостин. претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. На новинарско прашање да ја коментира изјавата на премиерот Христијан Мицкоски, кој во неделата рече дека „ако треба, ќе чекаме децении, но нема да прифатиме политики што директно влијаат врз нашиот идентитет, а не нудат предвидливост и јасен крај на процесот на пристапување во ЕУ“, таа оцени…
Голема полициска акција се одвиваше во зградата на Ректоратот на Универзитетот во Белград, откако беше пронајдено безживотното тело на 25-годишна девојка. Веста за смртта го потресе главниот град на Србија, а надлежните органи веднаш го блокираа пристапот до објектот за да извршат увид. Истрага во текСпоред првичните и неофицијални информации, телото на девојката било пронајдено во просториите на Ректоратот, по што вработените веднаш повикале итна помош и полиција. За жал, медицинските екипи можеле само да констатираат смрт. Локација: Капетан Мишиното здание (Ректорат на Универзитетот во Белград). Жртва: 25-годишна женска личност. Полициски мерки: Објектот беше под опсада неколку часа додека форензичките…
Филипче со 3,6% рејтинг од граѓаните се уште ги слуша лошите совети на Башановиќ и на Заев. Освен лојалистите на Заев, веќе никој нема доверба во Филипче и во СДС, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. Филипче заедно со Заев и Башановиќ ја доведоа СДС на раб на статистичка грешка. Филипче функционира само по директива на Заев, а сега со новиот ПР шеф Башановиќ продолжува кон тонење во политичкото мочуриште, додаде тој во изјавата. Истите луѓе на Заев кои до пред неколку години заедно го водеа СДС, сега се здружени со Филипче и одат кон пропаст. Во Македонија…
По повод 31 март – Денот на македонското правосудство, министерот за правда Игор Филков упати честитка до сите носители на правосудните функции и до сите вработени во правосудниот систем. ,,Овој ден е потсетник дека правдата не е само принцип, туку обврска – кон граѓаните, кон државата и кон иднината. Вие, како судии, јавни обвинители, адвокати, нотари и извршители, ја носите таа одговорност секој ден, со вашата работа и со вашите одлуки. Силно и независно правосудство е основа на секое демократско општество. Затоа, мораме заеднички да продолжиме да градиме систем кој ќе биде отпорен на влијанија, ефикасен во постапките и доследен во примената на…
На 30.03.2026 во 19:10 часот во село Сулдурци, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ја лишија од слобода А.К.(38) од истото село. -Според пријавеното, таа во 17:18 часот отишла во дворното место на нејзината јатрва П.К.(46) во село Сулдурци и физички ја нападнала, удирајќи ја со остар предмет во пределот на главата. П.К. била пренесена во Медицински центар Штип, каде и е констатирана телесна повреда, а А.К. е задржана во Полициската станица Радовиш, информира МВР. Запознаен е јавен обвинител, по чии насоки, по целосно документирање на случајот против А.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.
