- ВИДЕО: Протест во Капиштец – На буката одговараме со бука
- Калас: Враќањето кон целосна војна со Иран ќе има исклучително висока цена за целиот регион
- Со 59 гласа ЗА и 9 против помина предлог законот за игрите на среќа: Нема веќе казина близу училишта
- Утре неколку скопски општини и населби ќе останат без струја
- Аларм на Антарктикот: Урнат зимскиот темературен рекорд, наместо снег врне дожд и тече кал
- Американскиот претседател Доналд Трамп тврди: САД сакаа да испратат оружје во Иран, но Курдите го задржаа за себе
- Крвава пресметка во кумановско: Татко и малолетник нападнале 25-годишник со нож
- Американскиот министер за финансии со предупредување: Иран ќе плати за штетите нанесени врз нашите сојузници
Author: Author 03
Во време кога многу луѓе се соочуваат со неизвесност, кризи и брзи промени, без разлика дали станува збор за големи животни настани, лични пресвртници или професионален притисок, чувството на преоптовареност и стрес е вообичаено. Според тоа, стресот е во суштина начин на телото и умот да одговорат на барањата што ги надминуваат нашите моментални способности лесно да ги обработуваме или контролираме овие барања, но не е непремостлив. Еден научно поткрепен метод за моментално ослободување од стрес е изложеноста на ладни стимули, како што е држење на кеса со мраз на задниот дел од вратот или лицето, што го активира вагусниот…
Од Министерството за здравство тврдат дека нема недостиг на лекови за ретки болести, односно оти непречено и во континуитет овие лица ја примаат потребната терапија. -До Министерството за здравство нема реакција од пациенти за недостиг на ниту еден конкретен лек. Министерството за здравство продолжува со континуирано обезбедување терапија за сите пациенти, вклучително и пациентите со ретки болести, се вели во реакцијата од Министерството за здравство. Оттаму пјаснуваат дека новиот Закон за лекови предвидува побрзи постапки за одобрување и регистрација на лекови преку модернизација на системот, скратување на времето за нивна достапност, како и воспоставување систем за следење на снабдувањето и…
Македонските студенти кои преку програмата „Work&Travel“ работеле во Германија, се соочуваат со неочекувани даночни обврски по враќањето дома. Според информациите од студентската организација „Студентарија МК“, Управата за јавни приходи (УЈП) почнала да испраќа известувања до студентите со барање да ги пријават своите странски приходи и да платат данок на веќе оданочени суми. Проблемот настана кај оние студенти кои по завршувањето на работниот ангажман извршиле поврат на задржаниот данок од Германија директно на своите македонски девизни сметки. „Известувањата од УЈП пристигнуваат по пошта и електронски пат. Најчесто ги добиваат оние кои по завршување на работата во Германија извршиле поврат на задржаниот…
Српскиот претседател Александар Вучиќ упати директен и остар одговор до својот хрватски колега Зоран Милановиќ, по серијата изјави кои дополнително ги затегнаа односите меѓу двете соседни земји. Вучиќ децидно порача дека Србија нема да дозволи да биде понижувана или уценувана во рамките на регионалната политика. Поводот за оваа реакција се последните коментари на хрватскиот претседател кои во Белград беа протолкувани како обид за мешање во внатрешните работи на Србија и нејзиниот евроинтегративен пат. „Можам да им порачам на сите, па и на господинот Милановиќ – нема со мене да се изживувате! Србија е независна држава која ги носи своите одлуки…
На 29.03.2026 во 21:10 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Х.(22) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во домот упатувал закани кон неговата 42-годишна мајка и искршил дел од покуќнината. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Притвор од 30 дена за синот кој ја уби мајката во Росоман, одобрен е вечерва од судија на претходна постапка, потврдија за МИА од кавадаречкиот суд, откако Обвинителството предложи притвор. -Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27-годишник од Росоман осомничен за кривично дело – Убиство согласно член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик, информираа од Обвинителството. Притоа појаснија дека осомничениот со умисла, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот сопствената мајка. Додеката жената спиела во една од собите, тој ја прободел со кујнски нож во вратот, нанесувајќи и смртоносни повреди. Јавниот обвинител…
Длабоко во Малешевијата, на околу 120 километри од Скопје се наоѓа селото Разловци – место што и денес го чува духот на минатото и приказната за борбата за слобода. Во Делчевско Разловци, тивкото село со силна историја, се уште се чува споменот на Димитар Поп Георгиев Беровски и неговиот дедо, поп Стојан – луѓето кои пред 150 години се осмелиле да кренат востание за слобода, пренесува СИТЕЛ. Токму овде, во Разловци, започнува приказната за едно од најзначајните востанија, а денес, речиси еден и пол век подоцна, се прават напори ова место да добие нов живот. Зад мене е Спомен-домот на…
Апелациониот суд Скопје ги одби како неосновани жалбите на обвинетите во случајот со велешката група за сексуална злоупотреба и изготвување порнографски материјал со дете-жртва и ја уважи жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, на начин што ја преиначи првостепената пресуда на Основниот кривичен суд Скопја и им ги зголеми затворските казни на сите 13 лица. Пресудата на Основниот кривичен суд Скопје, Апелација по одржана јавна седница на 13 ноември минатата година, а по спроведено советување и гласање на нејавен дел од седницата на ден 25 декември 2025 година, ја преиначи према обвинетите…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски упати загрижувачка порака до домашната и меѓународната јавност, откривајќи дека притисокот од западните партнери врз Киев ескалира. Според неговите зборови, досегашните „молби“ за воздржаност се претвориле во директни барања Украина да ги прекине нападите врз цели длабоко во руската територија. Оваа промена на реториката доаѓа во време кога украинските сили сè почесто користат беспилотни летала и проектили со долг дострел за таргетирање на руската енергетска инфраструктура и воени постројки, што предизвикува страв од поширока ескалација кај дел од сојузниците. „Нашите партнери веќе не нè замолуваат да престанеме. Тие сега бараат од нас да ги запреме нападите…
Едно 13-годишно момче е убиено, а најмалку осум лица се ранети откако тинејџер отвори оган во училиште во аргентинскиот град Сан Кристобал. Напаѓачот, 15-годишен ученик, веднаш бил приведен од страна на полицијата. Според сведоштвата на учениците, напаѓачот излегол од тоалетот вооружен, по што меѓу децата настанала паника и тие почнале да викаат. Во тој момент, тинејџерот почнал неселективно да пука во нив. Локалните власти соопштија дека оружјето користено во нападот е ловечка пушка. Истрагата за мотивите на нападот е во тек.
