Author: Author 01

Владиниот врв и претставници на меѓународната заедница денеска извршија увид во градежните работи на клучната секција 2 од западниот дел на Коридорот 8 – автопатот од Гостивар до Букојчани. Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, кој на терен беше заедно со премиерот Христијан Мицкоски и времениот вршител на работите во Амбасадата на САД, Никол Варнс, изрази задоволство од прогресот. Тој вети дека граѓаните ќе возат по новиот автопат до крајот на 2029 година, без отстапки од рокот. „Работиме доста интензивно на оваа секција. Таа од едната страна треба да се поврзе со автопатот Гостивар-Тетово, а од другата…

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Гостивар изјави дека има информации за тоа како запленетата марихуана во Србија излегла од Македонија, директно посочувајќи кон лица поврзани со поранешната власт.Одговарајќи на прозивките од опозицијата, тој откри дека во случајот е вмешана фирма поврзана со поранешен локален функционер на СДСМ. „Има функционери, но од претходната Влада. Има фирма која што е сопственост на поранешен претседател на СДСМ во Ново Село односно негов син. Можеби МВР може повеќе да сподели, но во интерес на истрагата би се задржал на ова“, изјави Мицкоски за време на увидот на градежните работи на Коридорот 8. Во меѓувреме, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал…

Повеќе

Претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, остро реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски кој претходно оцени дека Македонија е жртва на европски „булинг“. Според Филипче, единствениот булинг врз македонскиот народ го врши токму актуелната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Во писмената реакција, лидерот на СДСМ го обвинува премиерот дека наместо да ги спроведе потребните реформи, нуди изолација и води анти-ЕУ кампања, спротивно на волјата на преку 70 проценти од граѓаните кои сакаат членство во Унијата. „Проблемот не е во односот на Европската Унија, туку во неисполнувањето на обврските поврзани со владеењето на правото, слободата на медиумите и борбата против корупцијата“,…

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски денеска категорично ја отфрли можноста за одржување на предвремени парламентарни избори, оценувајќи дека владината коалиција, составена од ВМРО-ДПМНЕ, „Вреди“ и ЗНАМ,функционира одлично. „За да се распушти Парламентот формално се потребни 61 пратеник. Во моментот не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Во моите разговори со меѓународната заедница, но и од она што го разговарам со граѓаните, и едните и другите од оваа Влада очекуваат реформи. И тоа е она што е главен фокус и приоритет – реформи и испорака“, изјави Мицкоски. Тој посочи дека, чисто партиски гледано, на ВМРО-ДПМНЕ би ѝ одговарале предвремени избори, особено по „апсолутниот триумф“ на локалните избори. Сепак, како најголема партија, смета дека мора да се…

Повеќе

Голем пожар кој денеска избувна во угостителски објект во Кочани предизвика паника кај десетици семејства. Огнот тргнал од кујната на објектот, која се наоѓа во склоп на густо населен комплекс, а за влакно била избегната поголема трагедија. Поранешниот вршител на должност градоначалник, Венко Крстевски, преку своја објава јавно ги сподели драматичните моменти и опасноста со која се соочиле граѓаните. „Денеска во станбено-деловниот комплекс Трговски центар, станбен блок А со 96 станови, избувна пожар од угостителски објект. Станарите поминаа со зачадени домови и огромен стрес“, информираше Крстевски, потенцирајќи ја големината на станбениот блок кој бил под директна закана од пламените јазици.…

Повеќе

Европската иднина на Западен Балкан, демографската криза, миграцијата и глобалните енергетски предизвици диктирани од вештачката интелигенција беа во фокусот на денешната конференција на Паневропската Унија на Македонија, одржана во Скопје. Премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање стави силен акцент на геополитичките и економските промени, предупредувајќи на опасностите од радикализмот во Европа, но и најавувајќи нова регионална иницијатива за енергетско поврзување. Демографијата, емиграцијата и радикализмот во Европа Анализирајќи ги демографските падови со кои се соочува Европа, премиерот предупреди дека тоа директно ја поттикнува нелегалната миграција, што пак создава плодна почва за политички екстремизам. „Демографијата е сериозен проблем што во годините што…

Повеќе

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција упати тешки обвинувања за партиско влијание врз судството во времето на претходната власт. Членот на Централниот комитет на партијата, Валентин Манасиевски, го посочи случајот со поранешниот врховен судија Ристо Катевеновски како директен доказ за политичките нарачки. „Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден“, истакна Манасиевски, објаснувајќи дека екс-судијата Катевеновски тврди оти бил разрешен токму затоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти, а кој бил поврзан со поранешната министерка Гордана Јанкулоска. Според Манасиевски, откако Катевеновски на рочиште зад затворени врати кажал дека нема да…

Повеќе

Видео од јавен настан во српскиот град Бор предизвика лавина од бурни реакции во јавноста, откако една жена, под притисок на прашањата од претседателот Александар Вучиќ, беше принудена пред своето болно дете да открие строго чувана семејна тајна – дека не му е биолошка мајка. Настанот се одвивал за време на разговор на претседателот со граѓаните. Гордана Кариќ, корисничка на социјална помош, побарала помош поради деветмесечен прекин во исплатата на надоместокот за детето, кое има срцеви проблеми и зад себе има повеќе операции. Наместо да добие директен одговор зошто доцни помошта, Вучиќ почнал да ѝ поставува прашања за нејзината имотна…

Повеќе

Најголемата опозициска партија СДСМ преку писмено соопштение упати серија прашања и обвинувања до Владата и Министерството за внатрешни работи во врска со неодамнешната заплена на пет тони марихуана во соседна Србија. Повикувајќи се на информациите објавени од Обвинителството, од СДСМ истакнуваат дека дрогата не само што повеќекратно и слободно ја поминала македонската граница, туку и непречено била транспортирана низ територијата на државата. Според нивните наводи, поголема количина дрога била пренесувана со товарни и патнички возила од објект во Скопје до селото Сарамзалино во Свети Николе, каде што бил извршен претовар, пред да се организира преминувањето на границата. Партијата директно го…

Повеќе

Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе нова фиксна глобална царина од 10 отсто на увозот во САД предизвика различни, но стратешки внимателни реакции кај клучните економии во Азија. Додека глобалниот пазар стравува од нова трговска војна, Хонгконг во оваа ситуација гледа одлична можност за зајакнување на својата позиција. Секретарот за финансиски услуги и трезор на Хонгконг, Кристофер Хуи, изјави дека новите мерки ќе имаат позитивен ефект врз градот како регионален трговски центар. Оценувајќи ја актуелната царинска политика на САД како „фијаско“, Хуи нагласи дека токму ваквите потези отвораат простор да се истакнат специфичните трговски предности, флексибилноста и конкурентноста…

Повеќе