- Како првиот ретрограден Меркур во 2026 ќе влијае на вашиот хороскопски знак?
- Сијарто: Ќе се спротивставиме на украинската уцена до крај
- Пронајдени шест мигранти во возило на автопатот Скопје – Куманово
- Жена од Индонезија уапсена во Скопје
- Се обидел да си ги убие децата, па нападнал полицајци – МВР откри детали за ужас во Битола
- Тренчевска: Куќниот притвор е уште една потврда дека има дил
- Грција ја зголемува минималната плата
- 30 камиони заглавени на Ќафасан: Блокада во Албанија ја парализираше границата со Македонија
Author: Author 01
Ние немаме друга иднина освен Европа. Треба да го искористиме искуството на другите земји, како Црна Гора и Албанија и да покажеме визија, но и резултати во преговорите за членство во Европската Унија, рече лидерот на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) и пратеник во Собранието, Венко Филипче на денешната работилница „Придонесот на Собранието во ЕУ-преговорите“, организирана во рамки на проектот „Поддршка на Европската интеграција на Северна Македонија“. Како претседавач со Националниот совет за евроинтеграции, посочи дека ова тело треба да биде платформа што ќе се надградува со искуства од други земји. „Треба да учиме од туѓи грешки, од туѓи искуства и на…
Струшкото Основно јавно обвинителство денеска поднело обвинителен предлог против актуелниот градоначалник Рамиз Мерко, а во врска со договор што го склучил за осветлување на дел од речното корито на Црн Дрим. Иако во соопштението Јавното обвинителството не е наведено името на обвинетиот, сепак во него јасно стои дека станува збор за службено лице – градоначалник на Општина Струга, а делото за кое се товари го сторил во периодот од 1 април 2021 до 27 јуни 2022 година, период во кој Мерко раководи со општината. Инаку, како што информираа од Обвинителството се товари за кривичното дело злоупотреба на службената положба…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски од 17 до 26 септември ќе престојува во работна посета на САД. Шефот на дипломатијата во Вашингтон ќе има средби со високи американски претставници и ќе учествува на 80. Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк. Во Вашингтон Муцунски ќе се сретне со високи претставници на Стејт департментот, при што ќе се разговара за унапредување на политичкиот дијалог, трговската соработка и унапредувањето на стратешкото партнерство. Ќе учествува и на тркалезна маса на Американско-централноевропската деловна асоцијација, а планирани се и средби со конгресмени и сенатори. По повод Денот на независноста и 30…
Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) денеска соопшти дека владите низ целиот свет, особено САДи европските земји, сè повеќе ја поткопуваат глобалната конвенција за бегалци и баратели на азил, доведувајќи го во прашање дури и нејзиното постоење. Американските медиуми пренесуваат дека ваквото остро предупредување од УНХЦР доаѓа на 75-годишнината од Конвенцијата на ОН за бегалци, документ од 1951 година што дефинира кои се бегалците и ги одредува обврските на земјите што ги примаат. Многу земји привремено го прекинаа разгледувањето на барањата за азил – молби за меѓународна заштита од оние кои тврдат дека ќе се соочат со војна или…
На територијата на државава денеска до 18 часот има четири активни пожари, два се под контрола, додека 12 сe изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има во селото Виниче, местото викано Муратица, (каде гори нискостеблеста шума), во општината Гази Баба, селото Пeтрово на Кожув планина (каде гори букова шума) во општината Гевгелија, во селото Вражале (каде горат борови насади) во општината Зелениково и во селото Норово (каде гори ниска дабова шума и ниска вегетација) во општината Крушево. Под контрола се пожарите во селото Трубарево во општината Гази Баба, депонијата Дрисла во општината Студеничани. Изгаснати се 12…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и увидни екипи на МВР денеска извршија увид на местото по настанатиот пожар во Трубарево. Увидните дејствија, како што информираат од Обвинителство, се преземаат како во однос на настанувањето на пожарот, така и во однос на складирањето на отпадот на предметната локација, а бил извршено фотографирање и дронско снимање на локацијата. Од Обвинителство посочуваат дека со оглед на затрупувањето на локацијата од безбедносни причини, увидните дејствија на терен се отежнати. -По наредба на јавен обвинител, локацијата ќе остане обезбедена и во наредниот период за потребите на постапката. Таму ќе продолжат да се вршат…
Премиерот Христијан Мицкоски смета дека критиките на опозицијата насочени кон него во врска со пожарите се затоа што опозицијата мисли дека така ќе добие политички поени и поддршка кај граѓаните. -Дури и да е сето тоа точно тие што го кажуваат, а ништо не е точно, се поставува вистинското прашање: „Што прават тие за да помогнат во процесот“? Тие не прават ништо. Тие се занимаваат со некрофилија, со конструкции и лаги. Но тие ќе продолжат бидејќи немаат програма, немаат визија, немаат идеја. Ние имаме јасна програма, јасна стратегија како треба понатаму да работиме чесно, одговорно, посветено. Ќе се бориме и…
Уставниот суд на денешната седница одлучи да не поведе постапка за Правилникот на Државната изборна комисија (ДИК), според кој независните кандидати за советници и градоначалници можат со само два граѓански потписи да учествуваат на локалните избори закажани за 19 октомври. Според Костадиновски, кој дискусијата ја оцени како плодна, конструктивна и на моменти остра, одлуката на ДИК во суштина преставува и имплементација на нивната одлука од мај годинава. „Би било огромна и многу тешка повреда на Уставот и непочитување на нашата одлука доколку ДИК не постапел на овој начин. Замислете да немаат право независните граѓани, да нема критериум по кој тие…
Со сè поголемиот тренд и советите за внесување повеќе додадени протеини, многу производители сè повеќе ја истакнуваат содржината на протеини на пакувањето за да си ја зголемат продажбата. Протеините се корисни бидејќи градат мускулно ткиво, ензими и хормони, со што имаат важна улога во функцијата на имунолошкиот систем, а исто така, обезбедуваат и дополнителна енергија. Но, нутриционистите и лекарите, сепак, потсетуваат дека прекумерниот и претераниот внос на протеини е штетен. Препорачаниот дневен внос на протеини за возрасни е 0,84 грама на килограм телесна тежина – за мажи и 0,75 грама на килограм телесна тежина – за жени. За луѓето кои…
Квалитетот на амбиентниот воздух во Трубарево е во рамки на дозволените граници, инфомираат од Министерството за животна средина и просторно планирање, преку податоците добиени од автоматските мерни станици на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Во соопштението е наведено дека досегашните мерења покажале дека просечните вредности за концентрација на PM10 честички се во рамки на дозволеното, како и дека досега не е регистрирано надминување на утврдените прагови. Според добиените мерења за суспендираните честички со големина до 10 микрометри просечната дневна концентрација во текот на вчерашниот ден изнесувала 19.7 µg/m³, максималната измерена вредност достигнала 39 µg/m³, моменталната концентрација изнесува 7.5 µg/m³, стои…
