- Како првиот ретрограден Меркур во 2026 ќе влијае на вашиот хороскопски знак?
- Сијарто: Ќе се спротивставиме на украинската уцена до крај
- Пронајдени шест мигранти во возило на автопатот Скопје – Куманово
- Жена од Индонезија уапсена во Скопје
- Се обидел да си ги убие децата, па нападнал полицајци – МВР откри детали за ужас во Битола
- Тренчевска: Куќниот притвор е уште една потврда дека има дил
- Грција ја зголемува минималната плата
- 30 камиони заглавени на Ќафасан: Блокада во Албанија ја парализираше границата со Македонија
Author: Author 01
Вкупно 31 пожар на отворен простор се регистрирани во земјава до утрово во 07:00 часот, од кои два се активни, два се под контрола, а 27 сe изгаснати, соопшти ЦУК. Се уше активен е активен пожарот кај скопското село Виниче каде што гори нискостеблеста шума, како и на планината Кожуф каде што е зафатена букова шума. Под контрола се пожарите во депониите Дрсила и во Острец во Делчево.
Времето утрово е ведро и посвежо, преку денот ќе биде сончево. Ќе дува слаб до умерен, наместа, долж Повардарието, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 15, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени. Во Скопје денеска ќе биде сончево, со слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 30 степени. Според прогнозата на УХМР, во наредните денови продолжува периодот на претежно сончево време со посвежи утра и постепен пораст на дневната температура.
Вчера во 18:30 часот во Градски гробишта Бутел, полициски службеници од СВР Скопје – Полициската станица Чаир поради сомнение за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик ги лишија од слобода О.Ш.(49), М.Ш.(22), Љ.Ф.А.(26) и З.Р.(26), сите од Скопје. Во возилото „пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Р., а останатите се сопатници е пронајдена и одземена бронзена биста со две човечки тела во седечка положба, од кој едниот е во поголема, а другиот помала форма, која непосредно пред тоа ја одзеле од гробиштата. Од З.Р. е одземено и возилото, а сопстеничката извршила препознавање на бистата. Лицата…
Убијците на Росица и на татко и имаат име и презиме и се вика неодговорност и корупција, а истрагата, доколку се води професионално, треба да ни покаже кој од овие фактори преовладувал или пак и двата од нив довеле до моментот, Росица веќе да не е меѓу нас, истакна денеска пред МВР поранешната антикорупционерка и кандидат за градоначалник на Општина Центар Билјана Ивановска. Според неа, корупцијата кај нас е распространета во сите пори во општеството и порача државата да преземе мерки да се раскинат тие, како што рече, заднинско-политички мрежи кои што придонесуваат корупцијата да биде во постојан пораст. „За…
Мојсоска од Левица додека ги напаѓа колегите пратеници за патни трошоци, си инкасирала над 600 илјади денари за 4 години од Левица, обвини членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски. На прес-конференција кажа дека Левица продавале скромност, а зад грб ги полнеле сопствените џебови. „Лицемерието на Мојсоска и Левица не престанува, тие се тотално демаскирани. Продаваат скромност и неподмитливост пред народот, а позади нивниот грб ги полнат сопствените џебови. Мојсоска додека во Собрание ги напаѓа колегите зошто законски добиваат патни трошоци, таа од сопствената партија од 2021 година до денес, инкасирала над 600 илјади денари. Врз кој основ ги добила Мојсоска овие пари? Дали овие…
Пратеничката од СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната прес-конференција во Собранието, во име на Клубот на жени пратенички, повика на доследно почитување на законите, навремена и ефикасна реакција од сите надлежни институции за заштита, спречување и превенција од насилство врз жените, се вели во соопштението од партијата кое го пренесуваме интегрално Тренчевска посочи дека Клубот на пратенички едногласно ги поддржа измените на Кривичниот законик, со кои фемицидот за првпат се препознава и третира како кривично дело. „Бараме од надлежните институции да ги преземат сите мерки за заштита на жртвите и превенција на фемицидот. Бараме од судските органи да ја имаат во…
Македонија е дел од европското семејство и реформите во јавната администрација се клучен дел од тој процес, истакна министерот за јавна администрација Горан Минчев на денешниот настан, генерички обуки за административни службеници – „Инвестицијата во административните службеници е инвестиција во иднината на јавниот сектор“, што се одржува во Скопје. Тој рече дека во срцето на јавната администрација се крие иднината на нашата држава. „Реформите што Министертвото за јавна администрација ги води, не се само зборови на хартија, тие се дела, тие се реалност, тие ја менуваат секоја институција, го менуваат секојдневието на граѓаните и го градат патот кон модерна, професионална…
Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека во периодот од 17.09.2025 (09:30 часот) до 18.09.2025 (09:30 часот) беа спроведени индикативни мерења на суспендирани цврсти честички со големина до 10 микрометри (PM₁₀), на мерното место во зоната на Трубарево, се вели во соопштението од МЖСПП кое го пренесуваме интегрално. Мерењата се извршени со автоматскиот систем AMBICON RTM–PM, нефлометар кој овозможува реално време следење на концентрациите на честички во воздухот, со селекција на фракцијата PM₁₀. За мониторинг беше користен инструмент ES-642, METONE, USA, сертифициран за индикативни мерења согласно MCERTS, UK. Резултати од мерењата: Според добиените резултати, просечните концентрации на PM₁₀…
Во вториот квартал од годинава продадени се помалку станови од првиот квартал од годинава. Податоците што ги објави Агенцијата за катастар на недвижности за периодот од 1 април до 30 мај покажуваат дека во овој период продадени се 676 новоизградени станови од инвеститор, што е за 178 станови помалку во споредба со првиот квартал од годинава. Во фаза на градба се 25.354 станови коишто се очекува да се најдат на пазарот на недвижности. Најголем број продадени станови, според Регистарот на цени и закупини на недвижности, има во општина Аеродром каде во вториот квартал се продадени 164 стана, а најголем број…
Нема модерна држава без модерна администрација. Нема напредна економија без функционален јавен сектор. Нема доверба во институциите без професионални, одговорни и мотивирани службеници. Премиерот Христијан Мицкоски во говор на настанот „Инвестиција во административните службеници е инвестиција во иднината на јавниот сектор“ рече дека инвестиција во административните службеници е инвестиција во иднината на јавниот сектор. „Кога велиме „инвестиција во административните службеници е инвестиција во иднината на јавниот сектор“, тоа не е само слоган – тоа е нашата визија и обврска пред граѓаните. Јавната администрација е темелот на државата. Таа сте вие – луѓето кои секојдневно го носат товарот на институциите. Вашата…
