- Како првиот ретрограден Меркур во 2026 ќе влијае на вашиот хороскопски знак?
- Сијарто: Ќе се спротивставиме на украинската уцена до крај
- Пронајдени шест мигранти во возило на автопатот Скопје – Куманово
- Жена од Индонезија уапсена во Скопје
- Се обидел да си ги убие децата, па нападнал полицајци – МВР откри детали за ужас во Битола
- Тренчевска: Куќниот притвор е уште една потврда дека има дил
- Грција ја зголемува минималната плата
- 30 камиони заглавени на Ќафасан: Блокада во Албанија ја парализираше границата со Македонија
Author: Author 01
Министерството за внатрешни работи објави тендер за нови униформи за замена на старите, непрактични и нефункционални униформи со нови, модерни, квалитетни и функционални по терк на европските полиции. Министерството во процесот кој е целосно транспарентен и одговорен, оствари технички дијалог со дури 13 заинтересирани компании при што беа земени во предвид сите сугестии и предлози. Министерството апелира на тендерот да се јават сите заинтересирани компании и во утврдените рокови да може да се промовира новата, модерна, квалитетна и функционална униформа за оние кои се грижат за безбедноста на македонските граѓани. Македонската полиција заслужува да биде модерна и функционална европска полиција. …
На 21.09.2025 во 17:09 часот на ул.„Крушевска Република“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода М.М.(71) од Битола. При радарска контрола, полициските службеници утврдиле дека тој управувајќи патничко возило „голф” со германски регистарски ознаки се движел со брзина од 105 км/ч на место каде дозволено е 50 км/ч. По документирање на настанот, против М.М. ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело ,,безобѕирно управување на моторно возило” согласно член 297-а од КЗ.
Дволичноста на Левица ја потврдува и Крмов, над 270 илјади денари од Левица пикнал во својот џеб, дали и тој е сметководител?, праша Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. „Борислав Крмов кој се претставува како аскет, кој е гласен во јавноста за еднаквоста на граѓаните и ги напаѓа останатите колеги пратеници за законски патни трошоци, тој од Левица, од парите на граѓаните преку Буџетот на државата и од нивните членови кои им донирале, пикнал во џеб над 270 илјади денари. Дали и Крмов можеби е сметководител во Левица? Лицемерието и дволичноста на Крмов и Левица, одат до плафон. Од…
Согласно индикативните мерења на суспендирани цврсти честички (PM10) на мерното место во Трубарево, спроведени во периодот од 21.09.2025 во 08:30 часот до 22.09.2025 во 08:30 часот, просечната концентрација изнесува 14.2 µg/m³. Највисоката измерена вредност е 44.1 µg/m³, додека моменталното ниво е 11.9 µg/m³, велат од Министерството за животна средина. Резултатите покажуваат дека концентрациите на PM10 се во рамки на дозволените и не ја надминуваат 24-часовната гранична вредност пропишана за заштита на човековото здравје, согласно Уредбата за квалитет на амбиентниот воздух.
Раст од над 3 проценти на БДП во изминатите четири квартали, забрзување на градeжништвото, раст на туримизот и земјоделстото. Сметам дека овие бројки се добра препорака. Ние сме нов пазар и сакаме да се развиваме и како Влада сакаме да се претставиме пред бизнис ориентираните Влади, изјави премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на работната средба со главниот извршен директор на Стопанска комора на Дубаи, Мохамед Али Рашед Лута и претставници од Стопанските комори во земјава. Дубаи, од друга страна, како што посочи Мохамед Али Рашед Лута има единствена позиција како центар, каде македонските компании може да го зголемат својот раст…
Почина девојче на седум години кое било на болничко лекување во Клиничката болница Тетово, информираат денес од тетовската јавна здравствена установа. Девојчето од тетовското село Челопек било примено на Одделението за педијатрија во саботата во 20:40 часот, а почина во неделата. „Пациентката беше примена на Одделението за педијатрија на датум 20.09.2025 во 20:40 часот навечер, и веднаш беа преземени сите неопходни мерки согласно важечките медицински протоколи со цел поставување на точна дијагноза. Од моментот на приемот, беа преземени сите потребни медицински мерки соодветни на нејзината здравствена состојба, вклучително и интензивна рехидратација, согласно професионалните и клинички насоки“, информираат од Клиничка болница.…
Вкупно 34 пожари на отворен простор на територија на државата се евидентирани изминатото деноноќие, до седум часот утрово. Два се сѐ уште активни, четири се под контрола, а останатите се изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Букова шума гори на Кожуф планина, кај село Петрово, општина Гевгелија. Ниска вегетација е опожарена на планината Добра Вода, општина Македонски Брод. Од пожарите што се ставени под контрола, два се на територија на општина Гази Баба. Електричен отпад бил опожарен во село Трубарево, а нискостеблеста шума била опожарена во село Виниче, место викано „Муратица“. Третиот пожар ставен под контрола е…
Се наоѓаме во клучен момент од нашата историја кога безбедносните предизвици повеќе не се ограничени само на традиционалните закани како што е организираниот криминал, трговијата со дрога и корупцијата, туку се преплетуваат со нови и се посложени опасности, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на отворањето на ретренинг Конференција на европскиот огранок од Асоцијацијата на националната Академија на Сојузното биро за истраги (ФБИ), што започна денеска во Скопје. „Денес сме сведоци на појава на сајбер закани и сајбер војувања, злоупотреба на технологија, традиционален екстремизам и претворање на дезинформациите во оружје што ја менува природата на безбедносната средина што ја…
Земјотрес со епицентар во Грција, 290 километри југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда од 5 степени, регистрирала Сеизмолошката опсерваторија во 3 часот и 20 минути по полноќ. -Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во југоисточните делови од Републиката, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти утрово Опсерваторијата.
Есента во земјава и на северната хемисфера почнува денеска во 20:19 часот. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи пролетта. Првиот есенски ден е 265-иот ден во годината и ќе трае 12 часа и 17 минути. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 18 минути, а ќе зајде во 18 часот и 35 минути. До крајот на годинава остануваат уште 100 дена. Есента ќе трае до 21 декември во 10 часот и две минути, кога календарски започнува зимата. На првиот ден од есента, според синоптичарите, утрото ќе биде посвежо, а потоа сончево и топло. Ќе дува…
