Close Menu
Press24
    Најново

    Петок неработен ден – УХМР ја објави временската за продолжениот викенд

    25.08.2026 во 11:10

    УХМР објави метео аларм: Пекол низ цела Македонија

    25.08.2026 во 11:02

    Одлични вести за возачите: Цената на нафтата паѓа трет ден по ред

    26.08.2026 во 10:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Од 1 септември промени во правилата за паркинг на аеродромот во Скопје
    • Нафтата поевтинува, растат надежите за Ормускиот Теснец
    • Постојано се вљубуваат во погрешни – три хороскопски знаци не учат од лошите искуства
    • Три часа 23 луѓе виселе заглавени на рингишпил во Хамбург
    • ТОП10 најбогати пратеници во Македонија – двајца се веќе милионери
    • Утре одиме во портокалова фаза: Уште еден пеколен ден – попладне може и да заврне
    • Зимата ќе биде студена: Европа се најниски резерви на гас во последните 13 години
    • Скопје и Белград утре го потпишуваат договорот за гасовод
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Манасиевски: Дволичноста на Левица ја потврдува и Крмов, над 270 илјади денари од Левица пикнал во својот џеб, дали и тој е сметководител?

    Манасиевски: Дволичноста на Левица ја потврдува и Крмов, над 270 илјади денари од Левица пикнал во својот џеб, дали и тој е сметководител?

    22.09.2025 во 11:582 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Дволичноста на Левица ја потврдува и Крмов, над 270 илјади денари од Левица пикнал во својот џеб, дали и тој е сметководител?, праша Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

    „Борислав Крмов кој се претставува како аскет, кој е гласен во јавноста за еднаквоста на граѓаните и ги напаѓа останатите колеги пратеници за законски патни трошоци, тој од Левица, од парите на граѓаните преку Буџетот на државата и од нивните членови кои им донирале, пикнал во џеб над 270 илјади денари. Дали и Крмов можеби е сметководител во Левица?

    Лицемерието и дволичноста на Крмов и Левица, одат до плафон. Од една страна се претставуваат како народни, скромни и неподмитливи, се претставуваат како пратеници кои не земаат патни трошоци, а гледаме дека вистината е сосема поинаква. Околу 5 илјади евра во својот џеб си ставил Крмов од Левица, тоа си го потврдија и на прес-конференција“, изјави Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Навистина е срамно и безобразно да напаѓаат колеги пратеници и други функционери за користење на патни трошоци или пак нешто што им следува како службен додаток, а истите тие од Левица, кои глумат дека се против тоа, го прават истото во сопствената партија.

    Оттука, го поставуваме прашањето, дали и Крмов сега ќе рече дека е сметководител? Доколку и тој излезе дека е сметководител во Левица, знае ли дека тоа е противзаконски? Или за Левица можеби тоа не важи?

    Почитувани граѓани, лажните аскети како Крмов, Апасиев, Мојсоска и Мециновиќ се прочитани од народот. Тие се луѓе кои немаат вистински став и доблест. Левица е демаскирана“, изјави Манасиевски.

    Just In
    Прочитај повеќе

    Петрушевски: Македонија не смее да ја пропушти новата индустриска револуција, дата-центрите се инфраструктура на иднината

    26.08.2026 во 15:23

    Филипче: ВМРО и ДУИ договориле блокада на Собранието 

    26.08.2026 во 14:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.