Close Menu
    Најново

    Почина поранешниот градоначалник и пратеник Панчо Минов

    08.10.2025 во 09:30

    Проданоски: Ќе субвенционираме изградба на нови домови за млади

    08.10.2025 во 09:25

    Што ги чека патниците од Македонија при влез во ЕУ – од недела стартуваат новите правила

    08.10.2025 во 09:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Почина поранешниот градоначалник и пратеник Панчо Минов
    • Проданоски: Ќе субвенционираме изградба на нови домови за млади
    • Што ги чека патниците од Македонија при влез во ЕУ – од недела стартуваат новите правила
    • Филипче во Валандово: Гласот за Перо Костадинов е глас за продолжување на развојот
    • Ќе нема струја цел ден – ЕВН најави исклучувања во две општини
    • Времето денеска облачно со дожд и силен северен ветер, од четврток стабилизација
    • Зголемени цените на угостителските услуги
    • Трипуновски: Развојот на земјоделството е приоритет на кој работиме
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Петмина турски државјани, меѓу кои и девојка, обвинети за убиство на сонародник во Штип, девојката се обидела да го спаси извршителот од апсење

    Петмина турски државјани, меѓу кои и девојка, обвинети за убиство на сонародник во Штип, девојката се обидела да го спаси извршителот од апсење

    04.10.2025 во 10:00
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Штип поднесе Обвинителен акт за петмина турски државјани инволвирани во убиството на Енес Оздемир од Турција во мај годинава, соопштија денеска од Обвинителството.

    Еден од обвинетите се товари за директно извршување на кривичното дело – Убиство од член 123 став 1, како и за неовластено држење на оружјето со кое било извршено убиството согласно член 396 став 1 од Кривичниот законик.

    Тројца од обвинетите му помогнале да го изврши кривичното дело и ќе одговараат за убиство во врска со членот 24, додека една обвинета се товари за помагање на сторителот по извршување на тешкото кривично дело според член 365 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

    Првообвинетиот 21- годишник без регулиран престој во државава, на почетокот на мај од непознато лице во Скопје, неовластено купил полуавтоматско огнено оружје –пиштол марка “FEG” , калибар 9 мм, со избришани податоци за модел и сериски број. Преку мобилни апликации се договорил со оштетениот на 8 мај да се сретнат во кафе бар во центарот на Штип, седнале на една од масите во аголот од летната тераса на кафе барот и разговарале околу 15 минути. Во еден момент обвинетиот отишол до тоалетот и веднаш се вратил, го извадил пиштолот и започнал да пука кон оштетениот, нанесувајќи му шест огнострелни повреди од кои починал.

    Тројца обвинети, иако знаеле и биле свесни за неговите намери да го лиши од живот оштетениот, му обезбедиле логистичка поддршка за извршување на делото. Кога првообвинетиот пристигнал во Скопје, на 30.04 му обезбедиле сместување во станот кој и тие го користеле подолг временски период претходно, а му помогнале и преку засега непознати лица да го набави пиштолот. На денот на убиството, со возило на еден од обвинетите, заедно го превезле до Штип.

    „По извршување на убиството, со цел да не бидат откриени, ја повикале и петтата обвинета да ги превезе со друг автомобил во нејзина сопственост, па сите заедно се упатиле кон Скопје. Кога пристигнале пред наплатната рампа за патарина “Миладиновци“ и кога забележале дека на патарината е поставено полициско возило кое врши контрола, обвинетата иако знаела дека првообвинетиот е извршител на убиство и по него се трага, се обидела да му помогне да не биде откриен и фатен. Таа го запрела возилото на околу 300 триста метри пред патарината, овозможувајќи му на директниот извршител да излезе и да почне да бега надвор од коловозот, покрај автопатот, каде подоцна бил пронајден и уапсен, се вели во соопштението.

    Од Обвинителството посочуваат дека останатите продолжиле да се движат со возилото кон патарината и биле запрени од полициските службеници, кои започнале да ги легитимираат и да вршат преглед над возилото. Иако се обиделе да се дадат во бегство, сепак за кратко време биле фатени и лишени од  слобода.

    „За четворица обвинети јавниот обвинител побара да биде продолжена мерката притвор, додека за петтата обвинета на сила се претходно определени мерки на претпазливост, се вели во соопштението на Обвинителството.

    Популарно

    Хорор во кичевско училиште: Избодено 15-годишно дете

    07.10.2025 во 17:29

    Безбедни ли сме во автобусите на ЈСП: Млада девојка останала без пари и новчаник

    07.10.2025 во 18:34

    Ахмети: Како може Македонците да ни избираат градоначалник во Тетово?

    07.10.2025 во 10:14

    Мерко даде завршни зборови за незаконското поставување директор во Велешта, пресуда в понеделник

    07.10.2025 во 18:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.