Close Menu
Press24
    Најново

    Стојаноски: СДС го уништи земјоделието, да имаше реални обвинители Љупчо Николовски ќе беше во затвор

    10.06.2026 во 21:01

    Петкова до Бочварски: Заборавивте ли дека во ваше време имаше протести, неисплатени плати и најголемо незадоволство кај земјоделците

    10.06.2026 во 20:45

    Николова: Интерпелацијата за Трипуновски е гласот на илјадници земјоделци и нивните семејства

    10.06.2026 во 20:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Стојаноски: СДС го уништи земјоделието, да имаше реални обвинители Љупчо Николовски ќе беше во затвор
    • Петкова до Бочварски: Заборавивте ли дека во ваше време имаше протести, неисплатени плати и најголемо незадоволство кај земјоделците
    • Николова: Интерпелацијата за Трипуновски е гласот на илјадници земјоделци и нивните семејства
    • Лефков до Бочварски: На интерпелацијата сакате да наметнете амнестија за вашата неработа, а сте се потпишале сите поранешни министри од владата на СДС
    • Кадровско освежување во општинските комитети – избрани над 30 нови претседатели на ОК на ВМРО-ДПМНЕ
    • Цветков: Трипуновски направи хаос во земјоделството- ниту една реформа, само купови криминални скандали
    • Петрушевски до Петровска: Единствено што направивте за земјоделието е бизнисот со марихуана кој го добиваа луѓе од вашата партија
    • Скопската вода е безбедна за пиење
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Герасимовски: За две години засадивме 2000 високостеблести садници зеленило

    Герасимовски: За две години засадивме 2000 високостеблести садници зеленило

    03.10.2025 во 10:112 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Синоќа во Капиштец беше отворен промотивниот штаб на кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски. Настанот привлече голем број граѓани кои му дадоа силна поддршка за нов мандат, препознавајќи ги резултатите од неговата досегашна работа и визијата за иднината на Центар.

    Герасимовски, потенцираше дека во изминатите четири години заедно со неговиот тим покажале дека Центар може да биде современа, транспарентна и европска општина.

    „Ги реализиравме ветувањата и донесовме вистински промени. Ја изградивме најубавата градинка „Пролет“ во државата, која е синоним за модерна и скандинавска градинка. Ги реконструиравме сите училишта, ги реконструиравме фискултурните сали и обезбедивме униформи за учениците. Поставивме ново СМАРТ осветлување и засадивме околу 2000 нови високостеблести садници зеленило. Работев за сите граѓани поеднакво, без разлика на различностите. Имаме план со конкретни проекти кои започнуваат по победата“, рече Герасимовски.

     Тој, информираше дека целосно партерно и хортикултурно е уреден паркот од Зебра до Беверли, реконструирани се двете детски игралишта и двете спортски игралишта.

    „Целосно ја реконтруиравме улицата Козара, и улиците Шарски Одред, Елисие Поповски, Антон Панов и Адам Мицкијевиќ. На многу места поставивме нова урбана опрема, зеленило и лед осветлување. На дел од нашите комшии на Козара и Наероден Фронт дадовме субвенции за нови лифтови и нова кровна конструкција Видливо, како и во цел Центар, се грижиме за хигиената, единствени во градот, кога цело Скопје се распаѓа во ѓубре и смет. Први во Македонија, формиравме јавно претпријатие за енергија, и поставивме фотоволтаични системи на кровот во најдоброто училиште во државата, Киро Глигоров“, посочи Герасимовски.

    Тој најави дека Центар добива нов современ административно-граѓански објект кадешто граѓаните ќе имаат свое место. Тој најави и центарска картичка со која жителите на Центар ќе можат да искористат бројни попусти.

    „За пензионерите градиме нов дом за стари лица, а за најмалите градиме нова градинка која ќе биде во близина на Клиничкиот центар. Еден од приоритетите покрај подобрување на условите во училиштата е да направиме два нови покриени базени во две училишта за спорт и рекреација. Поставуваме две монтажни катни гаражи со 900 нови паркинг места. Продолжуваме уште посилно, со конкретни и остварливи проекти кои ќе ја унапредат нашата заедница. Центар ќе биде уште позелен, похуман и поуреден. За Центар што го сакаме“, порача Герасимовски

    Прочитај повеќе

    Скопската вода е безбедна за пиење

    10.06.2026 во 18:28

    (ФОТО) Нова зелена оаза во Скопје: Бутел добива мега парк на 8.000 метри квадратни

    10.06.2026 во 13:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.