Општина Карпош продолжува со засилените контроли на терен за одржување на комуналниот ред. Во текот на изминатата недела, комуналните редари извршиле контроли на повеќе локации, при што покрај изречените опомени, биле издадени и седум прекршочни налози за неправилно одлагање отпад.
Контролите биле спроведени во попладневните и вечерните часови, во повеќе групи, со посебен фокус на критичните точки на територијата на општината.
Од Општина Карпош најавуваат дека инспекциските контроли ќе продолжат и во наредниот период, со цел да се обезбеди почиста и поуредна животна средина.
Од општината упатуваат апел до граѓаните одговорно да го одлагаат отпадот и да се придржуваат до правилата за одржување на комуналниот ред.

