Две недели по вселувањето, запушен тоалет во „Стив Наумов“ поради влажни марамици
Само две недели по вселувањето во реконструираниот студентски дом „Стив Наумов“, бил запушен тоалет поради фрлени влажни марамици, информира Министерството за образование и наука.
Од Министерството апелираат студентите одговорно да ги користат заедничките простории и да се грижат за условите во домот.
„Неразградливите материјали не припаѓаат во тоалетната школка и можат да предизвикаат сериозни проблеми со канализацијата“, се наведува во соопштението.
По интервенција на ЈП „Водовод и канализација“, проблемот бил отстранет, а просториите исчистени.
Од МОН потсетуваат дека реконструкцијата на домот е капитална инвестиција во која се вложени значителни средства, време и труд и дека условите треба да се зачуваат и за идните генерации студенти.
„Апелираме до сите студенти да се однесуваат одговорно, да го чуваат домот и заедничките простории и да покажат почит кон јавните добра“, порачуваат од Министерството.

