Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јаневска: сите реформи се итни – работиме на подобрување на квалитетот на образованието и усогласување со пазарот на труд

    Јаневска: сите реформи се итни – работиме на подобрување на квалитетот на образованието и усогласување со пазарот на труд

    06.10.2026 во 14:043 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска учествуваше на панел дискусија посветена на Извештајот за раст и работни места, кој Светска банка го изготви за Македонија, а кој денес беше презентиран во присуство на повеќе владини и претставници на академската и бизнис заедница во земјата. 

    „Укажувањето дека квалитетот на образованието бара значителни подобрувања, е во основа на реформите кои се преземаат почнувајќи од основното сé до високото образование. Фокусирани сме на отстранување на системските слабости и сите реформи се итни, затоа што како земја во развој немаме комоција за губење човечки потенцијал“, рече Јаневска, одговарајќи на прашање за тоа кои промени се приоритетни за олеснување на преминот од образование кон работа. 

    Потенцираше дека актуелната Влада се грижи за унапредување на образовната инфраструктура во која за две години се вложени 70 милиони евра, се набавуваат нови наставни програми и учебници и се работи на подигнување на мотивацијата на наставниот кадар преку раст на платите и повеќе можности за кариерен и професионален развој. Во основното образование се реализира програма за професионална ориентација, а во средното пак се номинираат кариерни советници кои ги насочуваат младите кон областите за кои имаат потенцијал. Дигиталните вештини и вештачката интелигенција се дел од повеќе курикулуми, а се работи и на интегрирање на вештини за зелена транзиција. 

    Јаневка го издвои дуалното образование во средните стручни училишта како наш најуспешен образовен модел и рече дека тој ќе продолжи да се проширува во повеќе училишта, но и на повисоко образовно ниво. 

    „Дуалното средно образование го реализираме во соработка со германската и швајцарската развојна агенција, Шведска и Австрија, и за овие кадри речиси во целост има обезбедено вработување кај работодавачите каде се реализирале практичното образование и обуката. Ако овој модел го пресликаме и во високото образование, сигурна сум дека и таму ќе даде ефект. Всушност, дел од факултетите веќе забрзано се поврзуваат со компании и ги испраќаат учениците на практична обука кај овие потенцијални работодавачи“, додаде министерката. 

    Потсети дека со новиот Предлог закон за високото образование се воведуваат стручни студии од прв циклус, специјалистички стручни студии од втор циклус и кратки стручни студии. Законот е сè уште во собраниска процедура и изрази очекување дека  поради неговата важност, поскоро ќе биде усвоен, а примената ќе ја зајакне врската помеѓу образованието и пазарот на трудот. 

    „Ни претстои заедничка работа со академската заедница во делот на обезбедување релевантност на програмите и следењето на исходите на дипломираните. Уште многу ангажман, кој ќе резултира со променето сфаќање на дипломата како крајна цел. Цел е да го вклучиме потенцијалот на младите во обликување на иднината, нивната, но и нашата заедничка“, нагласи Јаневска. 

    На панел дискусијата се обратија и министерката за финансии, Гордана Димитриеска -Кочоска, заменикот амбасадор на ЕУ во Македонија, Бен Нупнау и Виктор Мизо од компанијата Костал. Претходно, воведно обраќање при презентацијата на Извештајот имаше премиерот проф. д-р Христијан Мицкоски. 

    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.