Close Menu
Press24
    Најново

    Фрчковски: Приведената директорка на „Алта груп“ во Србија е сопственичка на фирма во Скопје

    27.11.2026 во 12:21

    Заменик-министерка стави „Х“ на македонскиот јазик, за да се пофали како уверението го добила само на албански

    27.11.2026 во 12:20

    Стан во Аеродром за млади по 950 евра квадрат – новиот закон носи големи попусти

    27.11.2026 во 12:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Фрчковски: Приведената директорка на „Алта груп“ во Србија е сопственичка на фирма во Скопје
    • Заменик-министерка стави „Х“ на македонскиот јазик, за да се пофали како уверението го добила само на албански
    • Стан во Аеродром за млади по 950 евра квадрат – новиот закон носи големи попусти
    • Трагичен случај во Битола: 41-годишна жена пронајдена почината
    • Не може да има исплати и уплати во готовина: Димитриеска Кочоска најави нови правила за финансиските друштва
    • Подгответе се за -14 степени: Македонија ја зафаќа вистинска зима
    • Ѓорѓиевски постави цел: Нула загинати во сообраќајот во Скопје до 2030 година
    • Грипот зема замав во Македонија: Регистрирани и шест случаи на Ковид-19
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Стан во Аеродром за млади по 950 евра квадрат – новиот закон носи големи попусти

    Стан во Аеродром за млади по 950 евра квадрат – новиот закон носи големи попусти

    27.11.2026 во 12:20Updated:27.11.2026 во 12:262 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Младите брачни парови би можеле да купуваат станови во новоградби по цени значително пониски од сегашните. Ако најавениот владин попуст од 20 проценти се пресмета врз просечните цени на новоградбите што ги објави Катастарот за третиот квартал од 2026 година, квадратен метар во Аеродром би чинел околу 954 евра, во Гази Баба 1.039 евра, во Кисела Вода 1.111 евра, во Карпош 1.198 евра, а во Центар 1.594 евра.

    Според податоците од Регистарот на цени и закупнини, највисока просечна цена на новоизградените станови има во Центар, каде квадратен метар се продавал за 122.523 денари, односно околу 1.992 евра. По него следува Карпош со 92.130 денари или околу 1.498 евра, а во Кисела Вода просекот изнесува 85.419 денари или 1.389 евра.

    Како би изгледале цените со намалување од 20 проценти?

    ОпштинаПросечна цена во денари/м²Цена за млади со −20%, во денари/м²Цена за млади во евра/м²
    Центар122.52398.0181.594 €
    Карпош92.13073.7041.198 €
    Кисела Вода85.41968.3351.111 €
    Гази Баба79.90563.9241.039 €
    Аеродром73.31358.650954 €

    Разликата е значителна и кога ќе се пресмета вкупната вредност на станот. Стан од 60 квадратни метри во Центар, според ваквата пресметка, би чинел околу 95.600 евра, додека во Карпош цената би изнесувала околу 71.900 евра. За иста квадратура во Кисела Вода би биле потребни околу 66.700 евра, во Гази Баба 62.400 евра, а во Аеродром околу 57.200 евра.

    Зошто се ниски цените?
    Цените се значително пониски од она што може да го најдете по огласниците бидејќи просекот е пресметан врз основа на купопродажните договори кои се приложувани при вадењето на имотен лист. Овие договори инвеститорите и купувачите често ги прават на пониски суми, ситуација што во моментов и тоа како им оди во прилог на младите парови.

    Владата најави дека со посебен закон ќе ги обврзе инвеститорите најмалку 10 проценти од станбената површина во новите згради да ја издвојат за млади брачни парови. Цената за овие станови треба да биде најмалку 20 проценти пониска од просечната цена во соодветната катастарска општина во претходната година.

    Според последното појаснување на премиерот Христијан Мицкоски, мерката ќе можат да ја користат и брачни парови кај кои само еден од сопружниците има најмногу 35 години. Законското решение се најавува за декември, а неговата примена за следната година.

    Прочитај повеќе

    Фрчковски: Приведената директорка на „Алта груп“ во Србија е сопственичка на фирма во Скопје

    27.11.2026 во 12:21

    Заменик-министерка стави „Х“ на македонскиот јазик, за да се пофали како уверението го добила само на албански

    27.11.2026 во 12:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.