По сослушувањето на Драган Ј. Вучичевиќ, сопственик и главен уредник на српскиот весник „Информер“, Второто основно јавно обвинителство во Белград поднело предлог до надлежниот суд за определување мерка притвор.
Јавниот обвинител и портпарол на обвинителството, Тијана Ле Ру, за српскиот весник „Данас“ потврдила дека барањето за притвор е поднесено поради опасност од повторување на кривичното дело.
Вучичевиќ беше уапсен вчера по налог на Второто основно јавно обвинителство во Белград, под сомнение дека сторил кривични дела предизвикување паника и неред, како и попречување на правдата.
По апсењето, тој беше задржан во притвор до 48 часа. Рокот за задржување истекува утре во 10 часот, по што судот треба да одлучи по предлогот на обвинителството.

