Голема вознемиреност кај родителите во средно училиште во хрватскиот град Велика Горица предизвикаа информациите што се проширија на социјалните мрежи дека ученик наводно се заканил оти ќе донесе оружје во училиштето и дека поседува список на соученици на кои планира да им наштети, објави „Dnevnik.hr“.
Родителите наведуваат дека нивните деца стравуваат да одат на настава, додека од училишната администрација потврдија дека се запознаени со случајот и дека полицијата била известена уште вчера вечерта.
„Ситуацијата е целосно под контрола, а безбедноста на учениците и персоналот во ниту еден момент не е загрозена. Наставата се одвива редовно и во безбедна средина“, соопштија од училиштето, нагласувајќи дека се преземени сите безбедносни протоколи и дека часовите се одржуваат според редовниот распоред.

