Close Menu
Press24
    Најново

    Пет продолжени викенди во 2027 година: Проверете кога ќе имаме најмногу слободни денови

    26.11.2026 во 11:10

    Николоски на средба со партиското членство на ВМРО-ДПМНЕ во Неготино

    26.11.2026 во 11:08

    Илон Маск ќе им подари акции на сите деца во САД

    26.11.2026 во 11:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пет продолжени викенди во 2027 година: Проверете кога ќе имаме најмногу слободни денови
    • Николоски на средба со партиското членство на ВМРО-ДПМНЕ во Неготино
    • Илон Маск ќе им подари акции на сите деца во САД
    • Отворен ден во Илинден: Граѓаните ќе предлагаат приоритети за буџетот
    • Денеска ќе бидат распишани претседателските избори во Србија
    • Претседателите од регионот утре во Охрид на самитот Брдо – Бриони
    • Нови клупи и корпи за отпадоци поставени долж Градскиот ѕид во Центар
    • Најавено исклучување: Уличен дефект остави дел од Скопје без вода
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пет продолжени викенди во 2027 година: Проверете кога ќе имаме најмногу слободни денови

    Пет продолжени викенди во 2027 година: Проверете кога ќе имаме најмногу слободни денови

    26.11.2026 во 11:102 Mins Read
    Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    До крајот на 2026 година останува уште еден неработен ден за сите граѓани – 8 декември (вторник), кога се одбележува празникот „Св. Климент Охридски“.

    Со наближувањето на новата година, веќе се знае и календарот на државни празници за 2027 година, во која граѓаните ќе имаат вкупно 10 неработни денови што важат за сите, од кои пет ќе овозможат продолжени викенди.

    Првиот продолжен викенд ќе биде за Нова година, кога 1 јануари паѓа во петок, па граѓаните ќе одмораат три дена, до 3 јануари.

    Следува велигденскиот продолжен викенд, од 30 април до 3 мај, кога покрај Велики петок, неработен ќе биде и вториот ден на Велигден.

    Продолжен одмор ќе има и за празникот „Св. Кирил и Методиј“ (24 мај), Илинден (2 август) и Денот на народното востание (11 октомври), кои во 2027 година се паѓаат во понеделник.

    Останатите неработни денови за сите граѓани се:

    • 7 јануари (четврток) – Божик
    • 9 март (вторник) – првиот ден на Рамазан Бајрам
    • 8 септември (среда) – Ден на независноста
    • 23 октомври (сабота) – Ден на македонската револуционерна борба
    • 8 декември (среда) – „Св. Климент Охридски“

    Покрај државните празници, во текот на 2027 година ќе има и посебни неработни денови за припадниците на верските и етничките заедници, меѓу кои Бадник, Водици, католичкиот Божик и Велигден, Курбан Бајрам, како и празници на различните етнички заедници.

    Така, 2027 година носи неколку можности за продолжен одмор, особено за оние кои навреме ќе ги испланираат слободните денови.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Николоски на средба со партиското членство на ВМРО-ДПМНЕ во Неготино

    26.11.2026 во 11:08

    Отворен ден во Илинден: Граѓаните ќе предлагаат приоритети за буџетот

    26.11.2026 во 11:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.