27-годишен жител на кумановското село Љубодраг е лишен од слобода откако бил баран со судска наредба за издржување двегодишна затворска казна.
Од СВР Куманово информираат дека лицето било приведено на 25 ноември, околу 14:30 часот. Тој бил осуден на две години затвор за кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.
По приведувањето, 27-годишникот бил спроведен во Казнено-поправната установа „Затвор Идризово“ за издржување на затворската казна.

