Голем пожар избувна денеска во Политехничкото училиште на улицата „Косовска“ во Крагуевац, по што беше наредена итна евакуација, а на местото на настанот веднаш беа упатени противпожарни и спасувачки екипи, пренесуваат медиумите.
Припадниците на противпожарно-спасувачката служба интервенираат за да го локализираат огнот и да спречат негово понатамошно ширење, додека причината за пожарот, евентуалните повредени и висината на материјалната штета засега не се познати.
Овој инцидент се случува само еден ден по вчерашното пукање во Првото техничко училиште во Крагуевац, во кое беа повредени две вработени, а беа уапсени 17-годишен ученик и неговиот татко, иако засега нема информации дека двата настани во различни образовни институции се поврзани.

