Во Унгарија е регистриран пораст на случаи на сифилис и смртни исходи од конгенитален сифилис, при што до 12 ноември се евидентирани 144 вакви случаи од кои 31 завршиле фатално – 26 фетуси починале во матката, а пет новороденчиња по раѓањето, соопшти Националниот центар за јавно здравје и фармација за порталот „Телекс“.
Според податоците на Центарот, само во последните три месеци се регистрирани 747 случаи на сифилис (516 во рурални средини и 231 во Будимпешта), а вкупниот број пријавени инфекции пораснал од 777 во 2020 година на 2.462 во 2025 година, при што до септември 2026 година биле откриени 100 случаи кај новороденчиња во првите осум месеци, по 91 случај лани или 126 на 100.000 живородени, што е двојно над целта на СЗО од 50 на 100.000 живородени.
Податоците на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) покажуваат дека стапката на сифилис во Унгарија е шест пати повисока отколку во Романија и 20 пати повисока отколку во Хрватска, додека во 2024 година Унгарија имала 42 случаи на конгенитален сифилис (30 проценти од вкупно 140 во ЕУ, Исланд, Лихтенштајн и Норвешка), пред Бугарија со 30 случаи.
Поради состојбата, вклучително и студија на Универзитетот Семелвајс според која кај 75 проценти од анализираните бремени жени инфекцијата била откриена дури во вториот или третиот триместар, а 94 проценти немале симптоми при дијагнозата, воведен е нов протокол со задолжително тестирање во првиот триместар, повторено тестирање меѓу 24. и 28. недела, брзо тестирање при породување за високоризични или жени без пренатална грижа, почеток на терапија со пеницилин во рок од три дена и известување на сексуалните партнери во рок од два дена при позитивен тест.

