Полициски службеници од СВР Скопје во текот на вчерашниот и денешниот ден (23 и 24 ноември) на повеќе локации низ главниот град привеле шест лица поради поседување недозволени супстанции, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од слобода биле лишени скопјаните А.А. (29), О.Д. (18), Е.Д. (37), В.М. (38) и М.Г. (26), како и 19-годишниот П.З. од Неготино.
При прегледите кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, прашкаста портокалова материја и течност.
Од полицијата најавуваат дека по целосното документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

