Close Menu
Press24
    Најново

    Лажел дека има акутна леукемија: Добил донации од 190.000 евра

    24.11.2026 во 10:35

    Терористички напад во Колумбија: Експлодираше автомобил-бомба пред владина зграда

    24.11.2026 во 10:17

    (ФОТО) 3.500 тони ѓубре собрано за една недела во Скопје, најголема дива депонија расчистена во Центар

    24.11.2026 во 09:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Лажел дека има акутна леукемија: Добил донации од 190.000 евра
    • Терористички напад во Колумбија: Експлодираше автомобил-бомба пред владина зграда
    • (ФОТО) 3.500 тони ѓубре собрано за една недела во Скопје, најголема дива депонија расчистена во Центар
    • Гаши во официјална посета на Хрватска, ќе се сретне со највисоките државни претставници
    • Продолжува судењето за „Пулс“: Денеска ќе сведочат вработена во дискотеката и пиротехничар
    • СДСМ: Со кои пари е купено ЗОИЛ Македонија и кои проверки се направени за два и пол дена
    • Пукање во училиште во соседството: Маж влегол во просториите и пукал во персоналот
    • Денеска ќе нема струја до 15 часот – најавени неколку исклучувања
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Лажел дека има акутна леукемија: Добил донации од 190.000 евра

    Лажел дека има акутна леукемија: Добил донации од 190.000 евра

    24.11.2026 во 10:352 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    20-годишно момче од Косово е уапсено под сомнение дека организирал лажна голема хуманитарна измама. Се претставувал како пациент болен од акутна леукемија, па собрал од граѓани и донатори од дијаспората 190.000 евра. 

    Ендрит Аземи од Гњилане користел фалсификувани медицински документи да ги убеди луѓето дека му е потребно итно и скапо лекување во Турција. 

    Како доказ за наводната болест биле приложени документи кои требало да потврдат дека е пациент во болницата „Аџибадем Алтунизаде“ во Истанбул.

    За само 12 дена собрани над 189.000 евра

    Според податоците на косовското обвинителство, сомнителната кампања се одвивала од 9 до 21 ноември 2026 година.

    Во тој период биле собрани вкупно 189.206 евра, од кои 162.522 евра преку интернет-платформата GoFundMe, а дополнителни 26.684 евра преку хуманитарни активности организирани во Гњилане.

    Сепак, по проверките на медицинската документација и наводната дијагноза, истражните органи утврдиле основи за сомнение дека станува збор за измислена приказна и организирано прибирање пари под лажен изговор.

    Аземи бил уапсен на 21 ноември, околу 22 часот, по што против него била поведена постапка под сомнение за кривично дело измама.

    На 23 ноември Основниот суд во Гњилане го прифатил барањето на обвинителството и му одредил притвор во траење од еден месец.

    Според објавените информации, надлежните институции презеле мерки за блокирање на идентификуваните банкарски сметки, додека се разгледуваат и можностите за враќање на парите на оштетените донатори.

    Прочитај повеќе

    Пукање во училиште во соседството: Маж влегол во просториите и пукал во персоналот

    24.11.2026 во 09:31

    Силен ветер собори дрвја во Подгорица – едно падна врз паркиран автомобил

    23.11.2026 во 20:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.