Close Menu
Press24
    Најново

    Митовски: Добитокот влезе и во училишниот двор, Крива Паланка поднесува кривични пријави

    18.11.2026 во 12:43

    Минчев: Академијата ќе создава професионалци и идни лидери во јавната администрација

    18.11.2026 во 12:34

    Кузеска: Дали им се купува време на Мицкоски и Славески, зошто обвинителството молчи

    18.11.2026 во 12:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Митовски: Добитокот влезе и во училишниот двор, Крива Паланка поднесува кривични пријави
    • Минчев: Академијата ќе создава професионалци и идни лидери во јавната администрација
    • Кузеска: Дали им се купува време на Мицкоски и Славески, зошто обвинителството молчи
    • Утре седум часа ќе нема струја – Проверете дали сте на списокот за исклучувања
    • Николоски најави прв национален податочен центар: Се подготвува теренот за инвестицијата
    • Грозданов најави средба со родителите на загинатите во „Пулс“ за организирањето на новогодишните и божиќните празници
    • Судска наредба, претрес и приведување: Македонската полиција упадна во домот на 51-годишник
    • ФЗО открива зошто настана проблемот со здравственото осигурување во МВР
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Митовски: Добитокот влезе и во училишниот двор, Крива Паланка поднесува кривични пријави

    Митовски: Добитокот влезе и во училишниот двор, Крива Паланка поднесува кривични пријави

    18.11.2026 во 12:432 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Општина Крива Паланка, заедно со жителите од засегнатите села, денес поднесува неколку кривични пријави до надлежното јавно обвинителство поради непостапување по извршните решенија за одземање на добитокот. Ова го соопшти градоначалникот Сашко Митовски во обраќањето пред Основниот суд во Крива Паланка, во присуство на мештани чии семејства трпат штети од стадата што се движат без надзор.

    Со пријавите се бара обвинителството да го испита постапувањето на службените лица во
    Агенцијата за храна и ветеринарство и во Агенцијата за управување со одземен имот.
    Општината бара да се утврди кој бил должен да постапи по решенијата, дали имало злоупотреба
    на службената положба и дали со пропустите биле загрозени здравјето и безбедноста на
    граѓаните.

    „Трпението на граѓаните е при крај. На седницата на Општинскиот кризен штаб побаравме
    конкретен план и рок. Сè уште не знаеме кога Агенцијата ќе почне да ги спроведува сопствените
    решенија. Побарав и да ми ја дадат потребната надлежност за да можам како градоначалник да
    преземам одговорност за решавање на проблемот. До денес немам одговор ни на тоа барање“,
    изјави Митовски.

    Општината поднесува и претставка до Државната комисија за спречување на корупцијата, со
    барање да се испита дали во овој случај постојат елементи на корупција. До Државниот управен
    инспекторат поднесува барање за вонреден инспекциски надзор за да се утврди кои дејства биле
    преземени по донесувањето на решенијата, каде запрела постапката и кој е одговорен за
    евентуалните пропусти.

    Митовски посочи дека, додека семејствата чекаат надлежните да постапат, стадата и понатаму
    влегуваат во нивите и се движат по патиштата. Деновиве добиток беше забележан и во дворот на
    средното училиште во Крива Паланка.

    Градоначалникот ги повика сограѓаните на мирен граѓански протест во сабота, 21 ноември, во
    11 часот, на клучката кај мотелот „МКД“.

    „Ги повикувам сите наши сограѓани, од градот и од селата, да застанеме покрај семејствата што
    предолго ја носат оваа мака. Мирно и достоинствено, заедно да побараме да се спроведат
    решенијата и да се стават стадата под контрола. Да ставиме крај на ова понижување за кое ни
    се смее светот“, порача Митовски.

    Прочитај повеќе

    Кузеска: Дали им се купува време на Мицкоски и Славески, зошто обвинителството молчи

    18.11.2026 во 12:26

    Манасиевски: Кај Филипче и СДС работи Фројд

    18.11.2026 во 11:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.