Close Menu
Press24
    Најново

    Кузеска: Дали им се купува време на Мицкоски и Славески, зошто обвинителството молчи

    18.11.2026 во 12:26

    Утре седум часа ќе нема струја – Проверете дали сте на списокот за исклучувања

    18.11.2026 во 12:14

    Николоски најави прв национален податочен центар: Се подготвува теренот за инвестицијата

    18.11.2026 во 12:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Кузеска: Дали им се купува време на Мицкоски и Славески, зошто обвинителството молчи
    • Утре седум часа ќе нема струја – Проверете дали сте на списокот за исклучувања
    • Николоски најави прв национален податочен центар: Се подготвува теренот за инвестицијата
    • Грозданов најави средба со родителите на загинатите во „Пулс“ за организирањето на новогодишните и божиќните празници
    • Судска наредба, претрес и приведување: Македонската полиција упадна во домот на 51-годишник
    • ФЗО открива зошто настана проблемот со здравственото осигурување во МВР
    • ФОТО: Граѓаните ќе одлучуваат што ќе се гради и реализира во Кисела Вода
    • Манасиевски: Кај Филипче и СДС работи Фројд
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Кузеска: Дали им се купува време на Мицкоски и Славески, зошто обвинителството молчи

    Кузеска: Дали им се купува време на Мицкоски и Славески, зошто обвинителството молчи

    18.11.2026 во 12:263 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Помина цела недела откако СДСМ поднесе кривична пријава за случајот со „Алта банка“ против гувернерот Трајко Славески и други одговорни лица, а од обвинителот Ненад Савески сè уште нема никаква информација дали и што е преземено, обвини денеска портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска.

    На прес-конференција, Кузеска упати низа прашања до Јавното обвинителство околу текот на постапката и обезбедувањето на доказите поврзани со влезот на банката во земјава.

    „Нема никаква информација што е преземено, дали е постапено по кривичната пријава. Дали се обезбедени документите кои ги потпишал Славески и дал согласност за влез на Алта банка по налог на Мицкоски? Дали ги побарал трансакциите? Дали се повикани Славески и Мицкоски да дадат исказ за нивната улога?“, праша Кузеска.

    Таа посочи на случувањата во Србија, каде што, како што наведе, е одземена дозволата за работа и на „Алта лизинг“, сопственикот е приведен, банката е во стечај и се истражуваат 400 милиони евра, додека кај нас институциите молчат.

    „Народот не може да дојде до своите пари, загрозен е банкарскиот систем затоа што Мицкоски и Славески ја внесоа криминалната Алта банка во Македонија. А во Македонија Обвинителството не презема ништо. Дали им се купува време на Мицкоски и Славески да се спасат и да го заташкаат скандалот?“, истакна портпаролката на СДСМ.

    Според неа, одлуките за влез на банката и префрлањето на средствата биле донесени директно од премиерот Христијан Мицкоски и гувернерот Славески, на штета на независноста на Народната банка.

    „Улогата на Мицкоски и Славески е клучна, затоа што тие ја донеса пералницата на пари на Вучиќ – во Македонија. Славески јавно кажа дека се консултирал со Мицкоски, иако Народна банка треба да е независна. Мицкоски лажеше на надзорната расправа во Собранието во обид да префрли вината врз СДСМ. Му наредни на Трајко Славески да понесе и кривични пријави против СДСМ. Тие што го создадоа овој проблем, со тоа ја донесоа Алта банка. Парите на јавните претпријатија и на граѓаните завршија таму исто така со одлука на владата на Мицкоски“, рече Кузеска.

    Таа додаде дека сега се прават обиди за продажба на банката на берза по вештачки намалена цена, со цел да се прикријат финансиските траги, а вината повторно да се префрли на опозицијата.

    „Сега тие што се виновни за Алта банка преговараат за нејзина продажба на берза. Ако нема купувач, цената ќе паѓа. Тоа значи дека Мицкоски и Славески планираат да ја обезвреднет само за да ги прикријат сметките и трансакциите. Моделот е прво никој да не се јави и на крај да се продаде за џабе. На крајот ќе ја обвинат СДСМ дека е виновна за ниската цена. Тоа е нивниот стандарден модел“, оцени таа.

    На крајот од обраќањето, Кузеска порача дека Обвинителството мора да постапи согласно законите и дека одговорност мора да има.

    „Савески треба да знае дека времето одминува. Обвинителството мора да работи според законот и да постапува. Одговорност за Алта банка ќе има. Бандата ќе одговара“, заклучи портпаролката на СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Манасиевски: Кај Филипче и СДС работи Фројд

    18.11.2026 во 11:49

    СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски, бараме одговорност за случајот со Сара

    18.11.2026 во 10:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.