Close Menu
Press24
    Најново

    Нема каде да се развива македонската вештачка интелигенција – Андоновски посочи што недостига

    18.11.2026 во 11:13

    Невообичаена сцена во српскиот парламент: Пратениците на Студентската листа му аплаудираа Вучиќ за време на неговиот говор

    18.11.2026 во 11:04

    По бројаницата во окото, нов инцидент со папата во Перу: Возилото нагло закочило, тој удрил со глава

    18.11.2026 во 10:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нема каде да се развива македонската вештачка интелигенција – Андоновски посочи што недостига
    • Невообичаена сцена во српскиот парламент: Пратениците на Студентската листа му аплаудираа Вучиќ за време на неговиот говор
    • По бројаницата во окото, нов инцидент со папата во Перу: Возилото нагло закочило, тој удрил со глава
    • Орце со видео по една година мандат: „Кога се сака градот и народот, се наоѓа пат”
    • Грците потврдија: Македонските служби го имаа главниот товар во истрагата за иранската мрежа
    • Речиси 6.000 странци избрале да студираат во Македонија: Евростат објави интересни податоци
    • Неколку скопски улици денеска без вода – Утре ќе снема уште во 5 наутро
    • Утре средба што може да го промени светот: Трамп, Путин и Си Џинпинг ќе седнат на иста маса
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Нема каде да се развива македонската вештачка интелигенција – Андоновски посочи што недостига

    Нема каде да се развива македонската вештачка интелигенција – Андоновски посочи што недостига

    18.11.2026 во 11:133 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Компаниите и државите што навреме ќе ја прифатат и ќе ја применуваат вештачката интелигенција ќе имаат можност за забрзан развој, додека оние што нема да успеат да ги следат технолошките промени ризикуваат да останат во стагнација. Ова го порача министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски пред почетокот на конференцијата на МАСИТ „Употребата на вештачката интелигенција како агент“.

    Андоновски истакна дека Владата продолжува со поддршката на ИКТ-индустријата преку проектите „Дигит Мак“ и „Инофејт ЕДИХ“, кои се насочени кон дигитална трансформација на малите и средните претпријатија.

    Тој најави дека и во наредниот период ќе се поддржуваат проекти за дигитализација на бизнисите, обуки и примена на алатки со вештачка интелигенција.

    Во однос на примената на вештачката интелигенција во јавната администрација, министерот посочи дека преку проектот „Везилка“, вреден над 5,5 милиони евра, се работи на развој на голем јазичен модел на македонски јазик и негова имплементација во јавниот сектор.

    Планот предвидува најпрво обуки за вработените во институциите, а потоа и практична примена на алатките во секојдневното работење. Андоновски информираше дека веќе се потпишани меморандуми за соработка со Собранието и Министерството за образование.

    Како еден од главните предизвици за развојот на вештачката интелигенција во Македонија, Андоновски го посочи недостигот на големи податочни центри во земјава.

    Според него, Македонија мора да привлече инвестиции во оваа област и да изгради Национален центар за податоци, со цел да создаде сопствена инфраструктура за развој и обработка на податоци. Тој оцени дека во однос на талентот, знаењата и вештините, македонскиот ИТ-сектор не заостанува зад европските земји.

    Министерот се осврна и на заштитата на личните податоци во апликацијата „м-Услуги“, посочувајќи дека податоците од електронските лични карти и возачките дозволи веќе се чуваат во системите на МВР и дека не се префрлаат на нова локација. Тој најави дека се работи на безбедносните протоколи за апликацијата, а очекува прашањето да биде затворено до крајот на годината.

    Претседателот на МАСИТ, Јордан Димитровски, оцени дека вештачката интелигенција веќе не е технологија на иднината, туку реалност што го менува начинот на работа на компаниите и функционирањето на економијата.

    Тој се повика на истражувања на Stack Overflow, според кои повеќе од 85 проценти од ИТ-професионалците веќе користат алатки за вештачка интелигенција.

    Димитровски посочи дека предизвик претставува и вклучувањето на младите инженери на пазарот на трудот, поради што е потребно поголемо присуство на практична настава и користење современи технолошки алатки уште за време на студиите.

    Според него, вештачката интелигенција не мора нужно да значи губење на работните места, туку трансформација на професиите и потреба од преквалификација на работниците.

    Како примери за области во кои веќе има недостиг од кадар ги посочи сајбер-безбедноста и науката за податоци, нагласувајќи дека новите технологии ќе создадат и потреба од нови знаења и професии.

    Just In Picks Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Орце со видео по една година мандат: „Кога се сака градот и народот, се наоѓа пат”

    18.11.2026 во 10:56

    Грците потврдија: Македонските служби го имаа главниот товар во истрагата за иранската мрежа

    18.11.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.