Поради дефекти на водоводната мрежа, денеска (17 ноември) дел од жителите на скопските населби Водно и Центар ќе останат без вода.
Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека поради дефект на приклучна цевка Ф-5/4 на улицата „Славејко Арсов“ број 81, во населбата Водно, од 08:30 часот е прекинато водоснабдувањето за корисниците од дел од оваа улица. Прекинот ќе трае до целосно санирање на дефектот.
Дополнително, поради дефект на затворач Ф-80 мм на улицата „Партение Зографски“ број 89, без вода ќе бидат и корисниците од делови на улиците „Партение Зографски“, „Периша Савелиќ“ и „Ацо Караманов“.
Водоснабдувањето на овие локации е прекинато од 08:30 часот и ќе биде нормализирано по завршувањето на санацијата на дефектите.

