Поради планирани технички зафати, замена на столбови и реконструкција на дистрибутивната мрежа, утре (вторник, 17 ноември 2026 година) без напојување со електрична енергија ќе останат повеќе корисници во скопските општини Илинден, Петровец, Ѓорче Петров и Центар.
Во периодот од 08:00 до 15:00 часот, поради замена на пет столбови на изводи од трафостаницата Белимбегово 6 ПВПП, без електрична енергија ќе бидат потрошувачите на патот кон фармите во Јурумлери, како и жителите и околните фирми на улицата „27“ во општина Илинден.
Од 09:00 до 16:00 часот, поради реконструкција и поправки на 10-киловолтна мрежа, прекин во снабдувањето ќе има за потрошувачите во Петровец кај училиштето и кај поштата, „Еуроиталија“, селото Р’жаничино, како и објектите на „Радио фар Р’жаничино“, „Иванов Р’жаничино“ и „Маклаб Р’жаничино“.
Во општина Ѓорче Петров без струја од 09:00 до 14:00 часот ќе остане дел од улицата „Анастас Коцарев“.
Дополнително, во периодот од 12:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе бидат и дел од корисниците лоцирани на улицата „11 Октомври“ број 46 во општина Центар.

