Close Menu
Press24
    Најново

    Големи температурни разлики – УХМР најавува нов пресврт со времето

    16.11.2026 во 11:24

    Поскапува регистрацијата на возилата во регионот од 1 декември: Еве колку ќе изнесуваат новите такси

    16.11.2026 во 11:17

    Ќе нема вода – Прекин на водоснабдувањето на неколку улици

    16.11.2026 во 11:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Големи температурни разлики – УХМР најавува нов пресврт со времето
    • Поскапува регистрацијата на возилата во регионот од 1 декември: Еве колку ќе изнесуваат новите такси
    • Ќе нема вода – Прекин на водоснабдувањето на неколку улици
    • ВМРО-ДПМНЕ за случајот на Сара: Скандалозна одлука на обвинителството – некој мора да одговара
    • Брнабиќ жестоко удри по РТС: Дали подготвувате терен за апсење на Вучиќ
    • Охридски тренер ги познавал Сара и осомничениот: „Девојката на мравка не гази”
    • Позитивна оценка од Брисел за работата на Царината
    • Русија тврди дека соборила над 1.300 украински дронови за една ноќ: Москва била цел на масовен напад
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Големи температурни разлики – УХМР најавува нов пресврт со времето

    Големи температурни разлики – УХМР најавува нов пресврт со времето

    16.11.2026 во 11:242 Mins Read
    ФОТО: Press24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Попова Шапка утрово била најстуденото место во земјава, каде во 10 часот биле измерени 4 степени Целзиусови, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

    Во Скопје во истиот термин температурата изнесувала 9 степени, додека во Битола биле измерени 14 степени.

    Разликите во температурите се забележуваат и покрај променливото време во земјава.

    Денеска времето ќе биде променливо облачно, со повремени сончеви периоди. Попладне и кон крајот на денот на повеќе места низ земјата се очекуваат врнежи од дожд.

    По одделни котлини ќе има услови за појава на магла, а ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

    Минималните температури ќе се движат од 4 до 10 степени, додека максималните ќе достигнат од 12 до 16 степени.

    Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди, а попладне и во вечерните часови ќе има дожд. Температурата ќе се движи од утрински 6 до максимални 14 степени.

    УХМР

    Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со различен интензитет.

    Под влијание на јужно воздушно струење, од утре температурите постепено ќе растат и повторно ќе бидат над просекот за овој период од годината.

    Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, кој од среда повремено ќе надминува 60 километри на час, особено во западните делови од земјата.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Ќе нема вода – Прекин на водоснабдувањето на неколку улици

    16.11.2026 во 11:15

    ВМРО-ДПМНЕ за случајот на Сара: Скандалозна одлука на обвинителството – некој мора да одговара

    16.11.2026 во 11:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.