Жителите на дел од скопската населба Аеродром денеска ќе останат без вода поради изведување нов водоводен приклучок.
Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека прекинот започнал во 10:40 часот и ги опфаќа улиците „Руди Чајавец“ и „Пандил Шишков“, како и „Вангел Тодоровски“ од број 1 до број 21.
Причината за прекинот се градежни активности за изведување водоводен приклучок на улицата „Вангел Тодоровски“ бр. 1.
Водоснабдувањето ќе биде нормализирано по завршувањето на работните активности.

