ВМРО-ДПМНЕ се огласи по бруталниот напад врз Сара Ѓоргиевска од Охрид, барајќи целосно расчистување на случајот и одговорност за сите инволвирани.
Од партијата велат дека застануваат зад Сара и нејзиното семејство и бараат институциите да преземат итни мерки за утврдување на сите околности околу нападот.
Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат и на одлуката осомничениот да биде пуштен со мерки на претпазливост, оценувајќи дека постапувањето на обвинителството отвора сериозни прашања и барајќи одговорност доколку имало пропусти.
Партијата предупредува дека секој обид за влијание врз истрагата или прикривање на случајот мора да биде санкциониран.
„Никој не е над законот и за конкретниот случај мора да има детална истрага и одговорност“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму порачуваат дека насилството врз жените не смее да помине неказнето и дека институциите мора да постапуваат еднакво кон сите, без оглед на нивните семејни или општествени врски.

