Close Menu
Press24
    Најново

    (ФОТО) Вандализам во Скопје: Запалени четири контејнери

    16.11.2026 во 10:08

    Николоски на Виенскиот економски форум: Инфраструктурата и европската интеграција во фокусот

    16.11.2026 во 10:05

    Зајкова по случајот со претепаната Сара во Охрид: Да не ви паднало на памет да ги штитите

    16.11.2026 во 09:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • (ФОТО) Вандализам во Скопје: Запалени четири контејнери
    • Николоски на Виенскиот економски форум: Инфраструктурата и европската интеграција во фокусот
    • Зајкова по случајот со претепаната Сара во Охрид: Да не ви паднало на памет да ги штитите
    • САД сакаат да ја потиснат кинеската технологија, Трамп подготвува посебна програма за 20 компании
    • Петрова: Колку што видов никој не и вршел притисок на Ива Михаилова
    • Абази замина – Искра Хаџи Василева седна во неговата фотелја
    • СДСМ бара одговор од Обвинителството за Алта банка: Што се случува со пријавата против Славески?
    • „Водовод“ со нов извештај: Анализите покажаа дали е безбедна водата во Скопје
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ФОТО) Вандализам во Скопје: Запалени четири контејнери

    (ФОТО) Вандализам во Скопје: Запалени четири контејнери

    16.11.2026 во 10:082 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Четири контејнери биле опожарени од непознати сторители во текот на изминатиот викенд во скопските општини Аеродром и Чаир, по што истите веднаш биле заменети со нови садови за отпад за да не се наруши динамиката на собирање и транспорт на сметот, информираат од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје.

    Според информациите од јавното претпријатие, станува збор за два пластични контејнери лоцирани во населбата Ново Лисиче и два метални контејнери поставени на булеварот „Македонско-косовска бригада“. Од претпријатието упатија повик за заштита на урбаната опрема и најавија дека случаите се веќе процесирани кај институциите:

    „ЈП Комунална хигиена-Скопје апелира да престане уништувањето на садовите за одлагање отпад, со цел екипите на Претпријатието да можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски на терен, согласно Оперативната програма за работа. Сите случаи на опожарување на контејнерите се пријавени до надлежните органи и се очекува да бидат преземени соодветни мерки за да се пронајдат и санкционираат сторителите“, стои во соопштението.

    Паралелно со санирањето на штетите, екипите на претпријатието во текот на минатата недела отстраниле вкупно 760 кубни метри мешан комунален, кабаст и градежен отпад од диви депонии на јавни и сообраќајни површини низ сите скопски општини. Најголем обем на работа имало во општината Центар, каде биле подигнати 190 кубни метри отпад.

    Во соопштението се посочува и на тековните едукативни активности наменети за најмладите жители на главниот град:

    „Воедно, во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ во општината Кисела Вода, беа реализирани еко-предавања за правилно постапување со отпадот и придобивките од неговата примарна селекција. Со едукативните активности беа опфатени вкупно 100 ученици од четвртите одделенија во училиштето“, додаваат од ЈП Комунална хигиена.

    Прочитај повеќе

    „Водовод“ со нов извештај: Анализите покажаа дали е безбедна водата во Скопје

    16.11.2026 во 09:48

    ФОТО: Стевче Јакимовски закрепнува по лекарска интервенција

    16.11.2026 во 08:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.